Украинските сили во текот на ноќта и утринава извршија серија напади со дронови во неколку руски региони, пренесе Еуроњуз повикувајќи се на украински медиуми.
Голем број експлозии се регистрирани во Рјазанската и Ростовската област, јави УНИАН, повикувајќи се на извештаи од руски канали на Телеграм.
Како што е соопштено, руската воздушна одбрана дејствувала во областа на металуршкиот комбинат Новолипецк. Најмалку седум експлозии се слушнале во градот Липецк.
Украинските сили го нападнаа регионот на Запорожје со беспилотни летала, оштетувајќи две турбини на ветер и кула за мобилни телефони, изјави вицегувернерот на регионот Антон Тики.