Геолокацираните снимки објавени на 11 август и анализирани од страна на Институтот за проучување на војната потврдуваат дека украинските сили стигнале до северната периферија на Роботин, лоцирана на 10 километри јужно од Орихив во западната област Запорижја.
Меѓутоа, Институтот укажува на тоа дека трајноста и обемот на овие позиции се нејасни во овој момент. Украинските сили спроведуваат редовни копнени напади кон Роботин со недели како дел од нивните операции насочени кон деградирање на руската одбрана.
„Способноста на украинските сили да напредуваат до периферијата на Роботин – за која руските сили посветија значителни напори, време и ресурси за одбрана – останува значајна дури и ако украинските придобивки се ограничени во овој момент“, заклучуваат експертите.
Геолокацираната снимка објавена на 11 август покажува дека украинските сили напредувале и во населбата Урожаине лоцирана на околу девет километри јужно од Велика Новосилка, долж граничната област Доњецк-Запорижја.
Руските воени блогери тврдеа дека украинските војници ги турнале руските сили назад во населбата на 10 и 11 август.
Украинскиот Генералштаб извести дека украинските сили продолжиле со контраофанзивните операции во насоките Бахмут, Бердијанск (граничната област Доњецк-Запорижја) и Мелитопол (западна област Запорижја).
М. П.
Извор: Кијив Индепендент