Затворениците во (СИЗО – Сле́дственный изоля́тор) – истражниот затвор во градот Херсон се побунија. Побуната беше задушена од руските окупаторски трупи. Едно лице загина, според РИА Новости, изјави украинскиот народен правобранител Људмила Денисова.
Затворениците се побуниле во притворот и се обиделе да побегнат.
„На 11 мај окупаторите влегоа во колонијата, фрлија шок-бомби во ќелиите и отворија оган од автомати. Еден затвореник беше убиен поради изразување на спротивставување“, пишува Денисова.
Комесарот за човекови права додаде дека институцијата е под раководство на колаборантот Евгениј Соболев, а легитимниот шеф на истражниот затвор е однесен во непозната дестинација.
Вработените во институцијата, според Денисова, одбивале да работат за окупациските власти и напишале оставки. Комуникацијата со казнената установа е изгубена.
подготви: Ж. Димовски