На хуманитарниот концерт за поддршка на Украина „Embrace Ukraine“ — #StrivingTogether, во главниот град на Холандија, на 21 јуни беше развиено украинско знаме долго 30 метри.
Како што јави дописникот на Укринформ, музичкиот настан во центарот на Амстердам собра илјадници луѓе.
Евровизиските ѕвезди Калуш Оркестар, Џамала, Кончита Вурст, Емели де Форест, С10 учествуваа на двочасовниот хуманитарен телемаратон за поддршка на Украина „Embrace Ukraine“ — #StrivingTogether .
За време на концертот се слушнаа повици да се поддржи Украина и да и се даде шанса да стане дел од европското семејство.
За потсетување, Европскиот совет на состанокот во Брисел на 23 и 24 јуни ќе донесе одлука за доделување на Украина статус на кандидат за ЕУ.
Подготви: Д.Мишев