Руските закани за напад на Амбасадата на САД во Киев повторно го актуелизираат прашањето за затворање на небото на целата територија на Украина, соопшти прес-службата на Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Оправдувањето за таквиот чекор, од гледна точка на руски пратеник, би можело да биде снабдувањето со најновото западно оружје за Украина. Поточно, повеќекратните ракетни фрлачи HIMARS“, додава прес-центарот.
Се нагласува дека оваа закана е насочена и кон САД и кон сите цивилизирани земји кои ја поддржуваат Украина.
„Значи, тоа уште еднаш го покренува прашањето за потребата од затворање на небото над Киев и цела Украина“, додава агенцијата.
Пратеникот на руската Државна Дума, Јуриј Швиткин на 23 јуни изјави дека американската амбасада во Киев треба да биде уништена како одмазда за американското снабдување со ракетни системи за Украина.
Подготви: Д.Мишев