• Latest
Илустрација: Национализам и политичка стагнација (во соработка со deepAI)

Улогата на национализмот во обликувањето на изборните резултати

April 28, 2024

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Улогата на национализмот во обликувањето на изборните резултати

(Прв дел) Навигација низ влијанието на национализмот, руските хибридни тактики и политичката стагнација: Откривање на главните предизвици во изборниот пејзаж на Северна Македонија

April 28, 2024 13:08
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Илустрација: Национализам и политичка стагнација (во соработка со deepAI)

Илустрација: Национализам и политичка стагнација (во соработка со deepAI)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Прв дел од анализата Три клучни фактори во изборната динамика: Национализам, руско влијание и политичка инертност, објавена на 27 април 2024, на ЦИВИЛ МЕДИА

Може (и треба) да се издвојат три клучни фактори што доведоа до изборните резултати од првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија. Тоа се национализмот, руското влијание и – нерешителноста , односно политичката и вредносната инертност на СДСМ – партијата што е на чело на владејачката коалиција од јуни, 2017 година. Изборниот процес оваа година, во целина, беше придружен со жестока антидемократска и националистичка кампања што и најголемите и најзначајните успеси на политиката на владејачката коалиција (Преспански договор, НАТО, добрососедските односи, почнување на преговорите со ЕУ и низа други) ги претвори во „пораз, капитулација и предавство“.

Тука треба да се истакне дека барем дел од тоа што се случува со и во демократијата во Северна Македонија може многу лесно да се аплицира, односно да се идентификува и кај развиените демократии во Европа и светот. Националистичкиот популизам и расизмот на повампирениот ултра радикализам (и фашизам) од една страна и колебањето, опортунизмот и ерозијата на демократските вредности на прогресивните сили во општеството, се бележат и во дел од западните демократии погодени од добро организирани антидемократски хибридни операции кои водат до поларизација и кризи во општеството. Тие процеси се во голема мера, ако не и целосно поттикнати и зајакнати со хибридната војна што ја води Кремљ против Западот.

Притоа, овде не треба да се заборават и апатијата на неопределените гласачи, својствената фрагментираност на демократското ткиво на општеството, како и антидемократските и корумпираните инсталации во клучните институции на системот.

Сето тоа значително се одразува на изборниот пејзаж, како и на општествените и политичките процеси во демократските општества во целост. Низ таа призма може да се анализира и неуспехот на актуелниот претседател на Северна Македонија, наспроти успехот на популистите и националистите во првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија на 24 април.

Гласачите, оние што излегоа на избирачките места, а и оние што апстинираа од гласањето, на три дена пред годишнината од крвавиот четврток (27 април 2017), кога тогашната власт се обиде да изврши државен удар со крвав упад во македонскиот парламент, требаше да избираат меѓу два концепта. Едниот, националистички, антидемократски и антизападен, а другиот – проевропски и демократски. Вториот концепт е под жесток напад со години, долга и комплексна операција во која учествуваат медиуми, граѓански организации, интелектуалци и академија, бизниси, верски заедници, криминалци и оперативци на руското разузнавање.

Воедно, демократската и прогресивна јавност се соочи (и се разочара) со неказнивоста на протагонистите на авторитарниот режим на Груевски и недоволната решителност да се изгради вистински современо, европско, мултикултурно општество, отпорно на националистичката хистерија, верскиот фанатизам и злокобниот руски напад врз тешко стекнатите придобивки на демократијата во нашата земја.

Национализам и политичка стагнација: Еден од главните предизвици во изборните процеси во Северна Македонија

Национализмот секогаш има клучна улога во обликувањето на изборните резултати. Тоа е идеолошкиот и програмскиот столб на голем број политички партии, почнувајќи од големи играчи како ВМРО-ДПМНЕ до помали екстремни групи како Десна или Единствена Македонија или Левица. Овие партии систематски ги култивираат националистичките сентименти во општеството, нагласувајќи ја својата „загриженост“ за заштита на националните, јазичните и културните идентитети.

Националистичкото поимање за „нација“ и „национално“ е тесна и исклучива, односно ги поистоветува овие поими исклучиво со доминантната етничка заедница. Овој пристап ги исклучува принципите на граѓанското општество и мултикултурализмот, освен во случаите кога се очекува етничките заедници да бидат покорни, да го знаат „своето место“ во – вториот или третиот ред во етничката „хиерархија“ во општеството.

Наративот за „тиранија на малцинството“, кој сугерира дека малцинствата го експлоатираат и владеат мнозинството на нивна сметка, е многу проблематичен. Ваквиот концепт е ехо на дискриминаторските идеологии историски користени за да се оправда прогонството, вклучително и оние што ги употреби нацистичка Германија против еврејскиот народ. Овие наративи поттикнуваат предрасуди, омраза и социјална поларизација, што претставува значителна закана за стабилноста на земјата.

Слично на тоа, концептот на „Македонска Македонија“, иако навидум радикален, ја отсликува суштината на наративот „тиранија на малцинството“. И двата концепта ги поедноставуваат општествените реалности преку промовирање на етничката и религиозната „чистота“ како единствена основа за организирање на општеството и државата, отфрлајќи ги алтернативните гледишта како предавнички.

Овие исклучиви гледишта ја задушуваат дебатата и различноста на мислењата, оневозможувајќи простор за конструктивен дијалог и меѓусебно разбирање. Прифаќањето на поинклузивен и плуралистички пристап е од суштинско значење за поттикнување на хармонично и граѓанско општество во кое се почитуваат човековите права и слободи, како и идентитетите на сите заедници.


ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ТУКА:

Три клучни фактори во изборната динамика: Национализам, руско влијание и политичка инертност

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ