Categories

ФЕСТИВАЛ Уметнички проект за промоција на чиста животна средина

Во заедничка соработка Green Community и  Центарот за Култура Битола, организираат Фестивал Сфест од 9 до 11 ноември. Фестифалот официјално ќе започне во петок  со почеток во 11 часот во Малата сала на Центарот за култура.

„’Сфест’ е мултидимензионален уметнички проект чија цел е да ја подигне свеста на граѓаните во Битола за еколошката состојба на нашата животна средина, да промовира чиста животна средина, рециклирање и апциклирање, со користење на различни медиуми како различни творечки работилници и музиката како уште еден вид на алатка за пренесување на нашата порака и зближување на граѓаните кои ја поддржуваат“, стои во соопштението.

Идејата за овој настан доаѓа од организациите и Сфера Македонија и Green Community, кои што се активни и работат на организирање на работилници и настани со различна тематика наменети за сите граѓани на Битола.

Во рамките на ‘’Сфест’’ во просториите на НУ Центар за култура – Битола ќе бидат организирани работилници од македонски и странски уметници, цртање на графити, изложба на фотографии и музички настапи.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email