ЦИВИЛ – Центар за слобода во Градскиот парк одржа уметничка работилница која ја водеше академскиот сликар Мирослав Стојановиќ.
Работилницата е во рамки на тридневниот настан „Проговори!“ (Speak), светска кампања, создадена како одговор на сè побројните напади врз основните човекови права и слободи, и културата на поделби која предизвикува свртување на луѓето – едни против други.
„Проговори!“ е резултат на визијата на Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, а како дел од Civic Space Initiative.
Маја Ивановска
Фото: Биљана Јордановска