• Latest

УНЕСКО бара до 1 февруари догодина извештај за постапувањата по препораките за Охридскиот регион

August 10, 2021
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

УНЕСКО бара до 1 февруари догодина извештај за постапувањата по препораките за Охридскиот регион

August 10, 2021 13:05
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

Воедно, со одлуките од Кина, се бара од Северна Македонија и Албанија до 1 февруари 2023 година пред Центарот за светско наследство да достават ажуриран заеднички извештај за состојбата на регионот, вклучително и извештај за постигнатиот напредок во спроведувањето на посочените забелешки. Во документот се нотира дека доколку на 46-тата сесија на Комитетот на УНЕСКО не бидат анулирани постоечките закани по Охридскиот регион и неговите исклучителни вредности, останува отворена опцијата за евентуално поместување на регионот на Листата светски наследства во опасност.

Во ревидираните одлуки донесени од Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на продолжената 44-та пленарна сесија во Кина, стои дека Експертскитe тела на ИУЦН (за природно наследство) и ИКОМОС (за културно наследство) инсистираат двете држави да разработат детален стратешки план за обновување, со соодветен акциски план што би се реализирал етапно, но според јасно дефинирани и утврдени краткорочни и долгорочни рокови за анулирање на постоечките закани.

Истовремено се бара планот да се темели врз врз препораките на Реактивната Мониторинг мисија од 2020 година, со сеопфатна прекугранична политичка и институционална рамка за решавање на сериозните и повеќеслојни закани и предизвици со кои се соочува Охридскиот регион. Планот треба да биде доставен до Центарот за светско наследство до 1 февруари наредната година.

Во останатиот дел од одлуката се посочува дека изминатите години се исполнети дел од препораките содржани во извештаите на последователните реактивните мисии, некои делумно или недоволно спроведени додека голем број од нив воопшто и не биле адресирани.

На Сесијата во Кина, меѓу останатото се нотираат активностите што ги спровеле институциите на Северна Македонија за отпочнување на процесите за исполнување на препораките на Комитетот.

Како позитивни процеси се посочени процесот на прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Студијата за ревалоризација на регионот, иницираниот процес на прогласување на Студенчишкото Блато за Парк на природата. Притоа се бара тие процеси да бидат искористени во насока на креирање функционални управувачки структури и притоа целосно интегрирани во процесите на планирање и управување со доброто.

Најголема загриженост Комитетот искажува по однос забелешките од Заедничката мониторинг мисија од 2020 година, а кои укажуваат на недоволно спроведени активности за запирање на бавната, но континуирана ерозија на атрибутите што го детерминираат регионот како Светско културно и природно богатство.

Светската организација изразува длабока загриженост по однос изградбата висококатници на крајбрежјето, слаба архитектонска контрола на новоградбите во градските јадра, но и во останатиот дел од регионот, како и несоодветното и прекумерно искористување на крајбрежјето со несоодветна туристичка инфраструктура што мошне негативно се одразува врз заштитеното добро.

Загриженост се  искажува и за недоволно утврдените приоритети во развојните политики, спротиставени ставови, недоволна вклученост на граѓанскиот сектор во креирањето политики и донесувањето одлуки и мерки, што сето во комбинација резултира со фрагментиран и несоодветен систем на управување со светското наследство.

Статусот Светско природно богатство заштитено од УНЕСКО Охридското Езеро го стекна во 1979 година. Една година подоцна и Градот Охрид беше додаден на списокот заштитени културно-историски вредности, така што Охридскиот регион стана едно од само 38-те мешовити природни и културни подрачја во светот признаени и заштитени од УНЕСКО. Во 2009 година беше покрената иницијатива за впишување и на албанската страна на езерото и крајбрежјето под капата на УНЕСКО, така што десет години подоцна во 2019 година регионот беше проширен на двете страни од езерото опфаќајќи вкупна површина од 94,7 хектари. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ