• Latest

УНЕСКО со критики на 125 страници: Охридското Езеро на точка од која нема враќање?

May 31, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

УНЕСКО со критики на 125 страници: Охридското Езеро на точка од која нема враќање?

May 31, 2021 16:00
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Објавен извештајот со кој се испраќа јасна препорака: Охридскиот регион да се стави на листата на светско наследство во опасност.

Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на Реактивната мониторинг мисија која го посети Охридскиот регион во јануари минатата година. На 125 страници детално се посочуваат сите неправилности околу грижата и заштитата на Охридското Езеро и во Северна Македонија и во Албанија. Во извештајот се бара забрзано спроведување на десетици препораки упатени до властите во двете земји, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето. Како резултат на континуирана деградација на културното и природното наследство на регионот, во него се испраќа јасна препорача: Охридскиот Регион да се стави на листата на светско наследство во опасност.

Нови закани

Мисијата заклучува дека активностите зададени во 2017 година не се исполнети со цел да се надмине ранливоста и заканите кои беа идентификувани пред неколку години. Не само што не кои неправилности не се сопрени, туку се појавуваат и нови проекти и планови кои го загрозуваат Охридскиот регион и укажуваат на нови закани.
Пописот на дивоградбите е чекор напред, но рушењето на бесправно изградените објекти се одвива премногу бавно, особено во Северна Македонија, се наведува во извештајот во кој се бара да се забрза рушењето на терасите изградени на брегот на Охридското Езеро кои на места навлегуваат и во езерските води. Вакви појави се забележани не само во Охрид, туку и во Струга, каде како пример се посочува Радожда, со најголем број на изградени ресторани на крајбрежјето.

„Овој пат, заедно со Албанија го заслуживме истото, бидејќи носителите на власта и нивните прислужници по институциите, во дружба со крупните бизниси, бескрупулозно и насилно, во континуитет чинеа злодело кон едно од најстарите езера на планетата Земја, го запустија наследството, ги нагрдија градовите, ја разграбаа земјата“, велат од невладината организација Охрид СОС.
Според нив, за овие четири години, од претходниот извештај на Реактивната мониторинг мисија во 2017 видовме процеси со динамика еден напред-три назад, шоу со „рушење дивоградби“, план за управување кој се сведе на одредување број на катови, процеси на заштита кои се саботираа.

„Едно чудо комисии, формални документи кои некој ги плаќа, а никој не ги спроведува. Стручните лица на УНЕСКО, тоа лесно ги прозреа“, велат од Охрид СОС кои цитираат делови од извештајот во кој се посочува дека „како резултат на значителни проблеми со управувањето и слаба имплементација на законите, Светското наследство на Охридскиот регион е со висок степен на ранливост“.

Маските паднаа

„Сето тоа доведе до несоодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност. Со тоа, Светското наследство на Охридскиот регион ги исполни условите за впишување на Листата на светско наследство во опасност“, укажува УНЕСКО.

„Пред две години од Баку, властите, државни и локални, се пофалија дека го спасија светското наследство, но место тоа на терен само ги манифестираа(т) своите алчни коруптивни апетити за грабање и ништење. Ова скапо купено време го платија со плус две години деградација на Охридското Езеро, Галичица, брегот, живиот свет… Конечно, маските се симнати и можеме да го видиме вистинското лице на носителите на јавни функции“, децидни се од Охрид СОС.

Центарот за светско наследство констатира дека „постоечките и планирани модификации и урбанизацијата ја интензивираат и онака ранливата состојба на регионот кон точката од каде што нема враќање. По извештајот на УНЕСКО, кој беше испратен до македонските власти во јануари годинава, во кој состојбата во Охридскиот регион е најлошо оценета досега, премиерот Зоран Заев имаше средба со дел од министрите во Владата. На состанокот на кој се разгледуваше извештајот кој укажува дека во Охрид владее урбанистички хаос што го загрозува и уништува живиот свет, беше укажано дека ‘нацрт извештајот на УНЕСКО треба да се прифати како уште еден, до сега најсилен аларм за состојбата со Охридскиот Регион и дека сега се налага огромна потреба за највисоко ниво на ангажираност кај сите чинители за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат езерото‘.

Итно уривање на дивоградбите

Владата тогаш сооопшти дена нема да попушти и ќе ги урне сите објекти кои се наоѓаат во заштитениот појас. За таа цел беше најавено дека ќе се организираат иницијативи со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца, за секоја институција итно да ги преземе сопствените одговорности, како и да се спроведе поништување на сите аспекти од штетните проекти кои се наследство од минатото како што се, на пример, проектите на Субрата Рој и Владата до 2016 година, Љубаништа 1 и 2. Отстранување на диво поставените објекти долж брегот на Охридското Езеро и во заштитеното подрачје на градот, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, заштита на старата градска архитектура, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот и сончевите колектори од куќите во Стар Град, се само дел од забелешките нотирани во најновиот обемен Извештај на УНЕСКО. УНЕСКО бара и реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“ бидејќи оценката е дека се прекинале природните врски меѓу езерото и блатото со што бил загрозен живиот свет.

 Општина Охрид изминатиот период започна со уривање на дел од обетките долж крајбрежјето, но паралелно со активностите за уривање на дивоградбите, се случи уште еден процес – најави и подготовки за никнување на нови објекти во близина на брегот на езерото, коишто предизвикаа бури реакции во јавноста, по што беше наложен и вонреден инспекциски надзор од надлежните институции.  За некои од препораките на УНЕСКО, Северна Македонија ќе има период од три години за да ги спроведе, но за поголемиот дел од нив се бара итно да се спроведат.

Во Националниот парк „Галичица”, кој е и под заштита на УНЕСКО, евидентирани се 2.321 објекти за кои тече постапката за легализација. Во Охрид на 50 метри од брегот се евидентирани 414 дивоградби. Од 15-те илјади барања за легализација до општина Охрид доставени пред две години – 11.000 биле се семејни куќи, 420 згради и 28 хотели.
Во Струга, пак, вкупниот број на поднесени барања за легализација е 10.639. Одбиени, некомплетни без елаборат се 4.470. Решени се 3.127 предмети. Во постапка се 3.038. Од тие 3.038, 65 објекти се на 50 метри од езерото. Од нив половината се одбиени.
Во подготовка е нов закон за легализирање на дивоградбите, откако старата верзија поради бројни критики беше повлечена од Собрание. Со неа нема да се дозволи легализирање на дивоградби во заштитеното подрачје на Охрид. „Надвор од заштитеното подрачје во Охрид, на зоните коишто се дозволени, надвор од планот за управување со Охрид, е дозволиво легализирање, секако ако има останато нелегални градби во охридското подрачје“, изјави деновиве премиерот Зоран Заев.

DEUTSCHE WELLE / ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ