• Latest
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНИЦЕФ: Во Газа се одвива војна против децата

March 22, 2024
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

УНИЦЕФ: Во Газа се одвива војна против децата

March 22, 2024 16:09
in КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот од YouTube видео

Фото: Скриншот од YouTube видео

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, ги нарече настаните што се случуваат во Газа „војна против децата“, велејќи дека ситуацијата во Газа е апсолутно погубна за децата, пренесува Агенцијата Анадолу.

Говорејќи за Анадолу, Елдер рече дека ја посетил Газа вторпат по нападите на 7 октомври, истакнувајќи дека видел „многу голем очај, многу исцрпеност меѓу луѓето“.

Елдер ја раскажа за страшната ситуација во болницата Насер во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, која особено лекува повредени деца.

-Болницата Насер, која беше толку клучна болница што функционираше особено за ранетите деца, повеќе не е во функција, рече тој.

Тој информираше дека денес посетил уште две болници, а болниците се преполни и рече дека персоналот на болницата секогаш зборува за недостиг на медицински материјали.

Посочувајќи дека УНИЦЕФ успеал да достави значителна количина медицински материјали до болниците и нагласувајќи ја потребата да се достави поголема помош во северниот дел на Газа, Елдер рече дека повеќе од 20 од 36 болници во Газа едноставно не функционираат.

-Ова УНИЦЕФ го нарече ‘војна против децата’. Нормално, во сите војни децата се најранливи. Околу 20 отсто од жртвите се деца во војни, но во Газа се речиси 40 отсто. Повеќе од 10.000 деца се убиени, а бројот постојано се зголемува. Не знам колкумина се под урнатините. Ова е апсолутно погубно за децата. Многу деца се гладни, гладот е неизбежен, подвлече Елдер.

– Во моментов Газа не е место за деца –

Елдер истакна дека децата во Газа се изложени на голем психолошки стрес, наведувајќи дека единствен начин овие деца да почнат да закрепнуваат е „со прекин на огнот“.

-Сѐ до прекинот на огнот, овие децапродолжуваат да живеат во воена зона. Во моментов Газа не е место за деца, но тука има повеќе од еден милион деца. Значи, мора да постигнеме прекин на огнот и тогаш погрижете се да ја добијат сета нега што им е потребна, рече тој.

Нагласувајќи дека Палестинците се отпорна заедница што може да ја обнови својата иднина по крајот на војната и поддршката од меѓународната заедница, Елдер рече дека има многу да се направи во Газа.

-Две третини од домовите и зградите се уништени. Психолошката траума на децата ќе биде огромна задача што треба да се реши. Доколку војната продолжи и тие имаат долготраен психолошки стрес и не можат да добијат вештиниза да бидат дел од работната сила, тогаш може да имате демографска катастрофа, нагласи Елдер.

Додаде дека помошта доаѓа, само не на потребното ниво и дека не постои сомнение дека УНИЦЕФ дистрибуира помош.

-Светската здравствена организација (СЗО), Светската програма за храна (ВФП) и други агенции се на терен. Потребата ја надминува понудата. Значи, ни требаат повеќе влезни премини, помалку ограничувања за добивање на оваа помош… и хуманитарците да си ја вршат својата работа, рече Елдер.

Известувајќи дека зградите, универзитетите и домовите во областа на Хан Јунис се во урнатини, Елдер рече: „Мислам дека не сум видел ништо толку разорно во моите 20години работен век во ОН.“

Елдер напомена дека во Рафа се слушаат звуци на беспилотни летала и стравот секогаш преовладува, додавајќи: „Преполно е, луѓето се на земја, луѓето се во шатори. Вистински проблем е санитарната состојба. Тоа е многу тешко.“

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа од прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој беа убиени речиси 1.200 Израелци.

Оттогаш во израелските напади врз Газа се убиени речиси 32.000 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 74.000 се повредени.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, а постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да се погрижи неговите сили да не вршат акти на геноцид и да гарантираат дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Х.С.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: војна против децатаГазаУНИЦЕФ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ