Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ги предупреди САД дека ЕУ нема да преговара за трговските отстапки под закана, ден откако американскиот претседател Доналд Трамп одобри за ЕУ до 1 јуни да биде изземена од царините за увоз на челик и алуминиум.
Јункер пред Европскиот Парламент рече дека изземањето треба да биде „безусловно и трајно“.
Тој додаде оти „вакви работи не треба да се случуваат меѓу сојузниците“.
ЕУ предупреди дека ќе возврати ако Трамп до 31 мај воведе такси, што може да доведе до трансатланска трговска војна.
– Ќе ги продолжиме преговорите со САД, но нема да преговараме под закана. Просто и едноставно, бараме да се повлечат, рече Јункер.
Извор: МИА