• Latest
Добро утро со Орданоски

Уште една загубена „Битка на Неретва“?

February 4, 2020

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Уште една загубена „Битка на Неретва“?

Како што изгледа, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно на губитничката страна и во оваа драматична „Битка на Неретва“ во напорот да се оневозможи заздравувањето на „тешко ранетата“ правна држава во Македонија.

February 4, 2020 07:22
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Како што се гледа и од последниот пример со изгласувањето на новата Косовска влада, американскиот фактор на Балканот е сè уште решавачки елемент за „пробивање“ на повеќето „затнати цевки“ во регионалните политички „канализации“: новата влада во Приштина стана возможна откако таму минатата недела престојуваше специјалниот пратеник на Трамп за Косово (и Србија), амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел. Недолго по таа посета, локалните претенденти за формирање на владата кои со месеци беа заглавени во непродуктивните коалициски надмудрувања, за еден викенд „ги надминаа разликите“ и, експресно, понеделнички ја изгласаа новата извршна власт на Косово.

А сè се чини дека ќе се лета и на новата авио-линија помеѓу Приштина и Белград.

Со сличен ефект, се добива впечаток, ќе биде и „будењето“ на овдешната Американска амбасада во спорот за Законот за Јавно обвинителство. Од некои нејасни причини, американските дипломати веруваа во можноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати инсистирањето, и од меѓународната заедница, обвинителските процеси од СЈО да се пренесат и во новото Обвинителство. Американците, откако со месеци „играа“ на картата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за заеднички предлог на законот што би го изгласале во Собранието, од пред десетина дена како да сфатија дека таквата нивна наивност може да има висока политичка цена по здравјето на овдешната кревко реставрирана демократија. На неколку месеци пред изборите.

Кога им помина фазата на губење драгоцено време – ни прв ни последен пат, бидејќи и во минатото Американците многу пати наседнувале на манипулациите и лажните ветувања на овдешните политички дејци, најчесто од нашата националистичка опозиција – гледаме дека амбасадорката Кејт Брнс се пушти „во сообраќај“ и почна да дели „насмевки“ во различни широчини и со флексибилно „меѓузабно“ растојание на разно-разни средби.

Знаете, Американците во дипломатијата и во заштитата на своите национални интереси (!) ви се како мечиња: можат да бидат допадливи како невини панди, а и опасни „по живот“ како раздразнети гризли, зависно од тоа колку време (ваше, изгубено време) мислите дека можете да ги заебавате…

Елем, последната дружба на американската амбасадорка во Скопје е онаа со групата независни пратеници (избрканите од ВМРО-ДПМНЕ) со кои Брнс, нè информираше на твитер, имала „продуктивна средба“ на која разговарале „за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и Законот за Јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење“.

Ете ја, во една реченица, опишана разрешницата на судбината на тој Закон во собраниската постапка, веројатно веќе во наредните десетина дена.

Како што изгледа, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно на губитничката страна и во оваа драматична „Битка на Неретва“ во напорот да се оневозможи заздравувањето на „тешко ранетата“ правна држава во Македонија. Со слоганот „Преку вода, до слобода!“, сегашнава власт веројатно ќе успее да ја пренесе „носилката“ на нашиве правосудни „тифусари“ до „слободната територија“ на долго очекуваната правна рехабилитација.

А потоа ќе дојдат изборите на кои гласачите ќе одлучат дали ќе обновуваме или ќе реставрираме. Е, таа битка ќе биде судбинска за среднорочната иднина на Македонија.

Среќно, јунаци!

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ