Уште шест дена до истекот на рокот по повикот на ЦИВИЛ за аплицирање за мобилни изборни набљудувачи за локалните избори 2021. Повикот се затвора на 30 јуни, на полноќ.
ЦИВИЛ ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Европските вредности, мултикултурализмот, но и Стратегијата „Едно општество за сите“ имаат своја улога и на локално ниво, чие влијание придонесува за развој и просперитет на целото општество, демократијата, економијата и односот меѓу заедниците во целата држава. Токму за локалните политики, граѓанското учество и придонесот на локалната самоуправа во Општина Велес кон европските перспективи, за борбата со хибридните закани, ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
ИЗБОРЕН ЗАКОНИК Министерот за правда, Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска имаа средба на која разговараа за законодавната агенда на Министерството за правда со акцент на разговорите за измените на Изборниот законик, соопшти Министерството за правда. Министерот Маричиќ истакнал дека е задоволен од конструктивноста на разговорите за измена на Изборниот законик и посочил дека е постигната начелна согласност за исполнување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
ПОДДРШКА Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека му е многу жал што ЕУ не им дала на Албанија и Северна Македонија датум за почеток на преговорите и дека не е фер кон тие земји и нивните граѓани.
СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Градењето домови за оние кои се соочуваат со потешкотии, е една од најхуманите акции кои можат да се направат, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за време на настанот на граѓанската организација „Habitat for Humanity“, при кој беа посетени новите објекти со вкупно 48 станови за домување на лица во социјален ризик во Велес.
ИСТРАЖУВАЊЕ Повеќе од половина од испитаниците на Западен Балкан, односно 56 проценти изразуваат желба да се вакцинираат, 42 проценти не сакаат, покажува „Балкан Барометар 2021“ што го спроведува Регионалниот центар за соработка. Овогодинешниот барометар, спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, покажува и дека поддршката за членство во Европската Унија е зголемена на 62 проценти. Исто 62 отсто од испитаниците од Западен Балкан се чувствуваат сигурно во однос на зачувувањето на работното место во наредната година, што претставува намалување од седум проценти во однос на 2020 година.
Дехран Муратов