СОТИР ГАБЕЛОСКИ
Од исклучување на улично осветлување до закани за радикализација на општините. Од сето ова? Се покажа само голема неспособност.
Голем дел од градоначалниците покажуваат мал капацитет да се носат со одговорностите во време на криза. Делуваат како „паднати од небо“ и покрај тоа што со исклучок на кризата во Украина останатите кризи веќе се случуваат или беа предвидени дека ќе се случат.
Во кампањата за локалните избори со коронавирусот имавме големо искуство, кризата со електрична енергија веќе се најавуваше и состојбата со државниот и локалните буџети беше релативно позната. Но, и покрај тоа многу кандидати најавуваа големи проекти, големи општински давачки и привилегии за граѓаните.
Денес се виде дека сето тоа беше “to good to be true“, па така од големи ветувања се сведовме на сечење дрва, барање финансиска помош од владата и исклучување на уличното осветлување. Ќе гледаме уште многу од ова, имаме 3 и пол години пред нас.
Текстот е личен став на Авторот