пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
КОЈ ЈА ПРАША ВЛАДАТА ЗА ТЕЛЕКОМ?
Владата, без никој да ја прашува, ни соопштува дека соработката со ТЕЛЕКОМ во минатото била искрена, додека судот во Њујорк неговите директори ги осуди затоа што на македонски високи функционери им давале повеќемилионски суми евра.
Спомнатите функционери на средба во еден ресторан близу с. Желино, разменуваа мислења за евроинтеграциите на С. Македонија.
КОЈ КОГО СЛУША?
Стана очигледно дека на Заев му е сеедно кој од Албанците му е министер. Тие и инаку него не го слушаат, ниту мораат да дојдат на работа.
ГОЛЕМИТЕ УСПЕСИ НА ЗАМЕНИКОТ НА ЗАЕВ
Големите „успеси“ на заменикот на Заев:
1. Го прекина пописот во 2011.
2. Ги изгуби во дупка 400.000евра кога беше министер во владата на Груевски;
3. Не знае кога ќе почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, за што Заев го задолжил да ја координира
4. Ниту лани, ниту годинава во јуни Македонија доби “кристално чиста препорака” и датум за почеток на преговорите со ЕУ.
5. Не се исклучени и други негови “успеси”, за кои ќе дознаеме во иднина.
П.С. Причината зошто не добивме датум, со задоцнување, дефинитивно ни ја кажа амбасадорот Тимоние. Тој ни кажа и кога ќе ја добиеме. Вие од Владата само читајте.
ПРАВОСУДСТВОТО И МЕТЛАТА
Ќе се одложуваат сите судски рочишта во С. Македонија, сѐ додека голем број судии не ги брише некоја друга “метла”. За жал, таа на Заев не даде никаков резултат.
П.С. Еден таков судија за клевета го казни сведокот кој пред Њујоршкиот Суд ги спомна имињата на македонските функционери на кои ТЕЛЕКОМ им исплатил повеќемилионски суми евра мито.
ИСТИ БОМБИ, РАЗЛИЧНИ ЕФЕКТИ
Судиите и обвинителите се писмени и паметни луѓе. Тие знаат што сакаат и што е интерес на тие на власт и така (не) постапуваат.
Само во С. Македонија е можно со објавување на исти „бомби“, некој може да дојде на власт, а некој друг да оди во затвор.
АЛБАНСКА ОПОЗИЦИЈА
Вие од албанската опозиција, ако сакате да ги добиете изборите, ангажирајте некој хирург да ви изработи една „сериозна програма“ и замолете го Заев, од буџетот на државата, исто кака што правеше и Груевски, да ви ги плаќа избирачите и да ве спаси од одговорност за криминал и корупција.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.