• Latest
Фото: Фејсбук на Државен студентски Дом - Скопје

УСС УКИМ бара функционални лифтови, топла вода и навремено решавање на проблемите во студентските домови, до каде се ланските ветувања на министерката Јаневска

June 23, 2025
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

УСС УКИМ бара функционални лифтови, топла вода и навремено решавање на проблемите во студентските домови, до каде се ланските ветувања на министерката Јаневска

June 23, 2025 11:23
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: Фејсбук на Државен студентски Дом - Скопје

Фото: Фејсбук на Државен студентски Дом - Скопје

Share on FacebookShare on Twitter
Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) испрати соопштение до јавноста во кое се вели дека доставиле две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите за престој и живот во студентските домови.

УСС-УКИМ упатува барања за санација на инфраструктурни проблеми во студентските домови
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите.
 Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје. Со оглед на приближувањето на новата академска година и очекуваниот зголемен број на станари, се нагласува значењето на функционални лифтови – како за олеснување на секојдневното движење, така и за овозможување безбеден и пристапен престој за сите студенти, вклучително и за оние со ограничена подвижност.
 Во второто барање, упатено до студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, УСС-УКИМ бара итна санација и сервисирање на бојлерите и целиот систем за топла вода, имајќи ги предвид честите проблеми со греење и топла вода во изминатите зимски сезони. Дополнително, се посочува на хроничниот проблем со нефункционалните лифтови во овој дом, што претставува посебна тешкотија за студентите со здравствени или физички ограничувања.
Со овие барања, УСС-УКИМ апелира до институциите за навремена и одговорна интервенција уште во текот на летниот период, со цел почетокот на академската година да го дочекаме со подобрени услови за живот и студирање.
„Овие интервенции се клучни за обезбедување на елементарни услови кои студентите ги заслужуваат. Ќе продолжиме гласно и одговорно да ги пренесуваме реалните потреби на студентите,“ – истакна Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
Реновираните студентски домови следната академска година, вети лани министерката Јаневска
Во октомври минатата година, министерката за образование и наука Весна Јаневска. вети дека оваа академска година студентите би требало да бидат сместени во реновираните студентски домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје.

Министерката тогаш уште кажа дека за 18 месеци од почетокот на реконструкциите, двата дома ќе станат современи, со подобрена одржливост, енергетски ефикасни што ќе придонесе за почиста животна средина и за финансиски заштеди, и додаде дека за четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни.

Д. Мишев

 

Tags: министерката Весна ЈаневскаСтудентски домовиУСС УКИМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ