Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. Седница на која е предвидено да се дискутира за 15 предмети кои Судот ги оформил по сопствена иницијатива, а се однесуваат на одредби од деловниците за работа на 15 општини.
Како што информираат од Уставен, овие предмети ги оформиле поради индиции дека општините излегле надвор од надлежностите преку доделување на можност Советите да даваат автентично толкување на одлуките кои самите ги донесуваат.
– Пред Судот ќе се дискутираат одредби од деловниците за работа на општините Крушево, Пласница, Крива Паланка, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Струмица, Богданци, Боговиње, Желино, Арачиново, Дебрца, Општина Конче, Општина Петровец, Општина Сарај, стои во соопштението од Уставен.
Предвидено е гласање и советување за шест предмети, односно донесување на конечни одлуки по предмети за кои Судот веќе дискутирал.