• Latest

Уставни промени или меѓународен договор како гаранција за името

March 7, 2018
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уставни промени или меѓународен договор како гаранција за името

March 7, 2018 08:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Грција и натаму останува на ставот за промена на Уставот во обидите за решавање на спорот со името, додека македонската страна бара почитување на меѓународната пракса.

Македонската страна смета дека каква било промена на Уставот не подразбира и трајна гаранција за Грција.

– Каква било промена во правниот систем на Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, порача вчера премиерот Зоран Заев.

Побара држење до меѓународната пракса – меѓународни договори, ратификација во Парламентите, гласање во ОН, резолуција во ОН и смета дека сето тоа е најсериозната гаранција за Грција.

– Мора да водиме грижа едни за други за да го сочувуваме достоинството на двата народа, на двете земји и на двете нации и секако зачувување на она што значи чувство, а тоа е идентитетот. Идентитетот е чувство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно  кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, рече Заев.

Препорача да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција.

– Јас сум подготвен, како тие водат грижа  за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто, рече Заев.

Грчката Влада останува на ставот дека потребна е промена на Уставот.

Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во гостувањето во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ.

– За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече Ѕанакопулос.

Појасни дека се потребни промени во македонскиот Устав, бидејќи во иднина „Уставниот суд на соседната земја може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор“, па затоа за Атина „единствен начин да се реши прашањето, барем, во однос на името е да има промена преку Уставот“.

Според поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани , пак, перспективите за сериозно решавање на прашањето за името сѐ повеќе се намалуваат.

Таа во интервју за радиото „Real fm“ вели дека грчката Влада имала вистинска можност да го реши проблемот, но со начинот на кој управувала со прашањето, сега води кон ќор-сокак.

– Сакам да бидам јасна дека можноста ќе можеше да се искористи и ќе имавме позитивен резултат, ако имавме една сериозна влада. Во овој момент имаме владино мнозинство поделено во три дела, рече Бакојани.

Ѕанакопулос откри дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка од грчка страна, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаимеМакедонијаПреговори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ