• Latest

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025 18:51
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на политичката партија Левица, со која се оспоруваат точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори за 2025 бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Судот на денешната седница оцени дека е усогласено со Изборниот законик.

-Упатството во хиерархијата на правните прописи е подзаконски акт. Подзаконските акти се потчинети на повисоките акти, односно на законските одредби. Ова Упатство не е ништо друго, освен пресликување на законската одредба. АВМУ доколку постапела како што во наводите од иницијативата предлага подносителот на иницијативата, односно минутажата да биде распределена на трите партии што имаат пратенички групи од власта и на трите што во опозиција. Во тој случај, АВМУ би си ги пречекорила своите законски овластувања. Агенцијата била должна да го донесе ова Упатство. Ова Упатство е втемелено на закон, има и законско овластување и во суштина само ја операционализира законската одредба од членот 75 ѓ од изборниот законик. Тоа значи дека нема никаков проблем со законитоста на ова Упатство, истакна попладнево на денешната прес-конференција претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Костадиновски потенцира дека уставноста на ова Упатство е сосема друго прашање.

-Кога е во прашање уставноста на ова Упатство на сцена стапуваат други две околности кои ги спомнав. Првото е уставно- судската пракса. Овој Суд во 2022 година постапувајќи по иницијатива го има оценето уставноста на членот 75 ѓ и одлучил да не поведе постапка Сега повторно истиот подносител на иницијативата кој е одличен правник, некој за жал го злоупотребува доброто познавање на правото з аполитички цели, повторно ни го оспорува членот 75 ѓ. За волја на вистината, јас сум еден од судиите не мислел така како мнозинството судии во 2022 година и за тоа имам напишано издвоено мислење. Не можам да предвидам каква ќе биде одлуката на судот кога ќе постапува по втората иницијатива за оценка на членот 75 ѓ од Изборниот законик. Секако дека би бил среќен доколку моето издвоено мислење, тоа е целта на издвоените мислења во еден момент да станат мнозински мислења. Меѓутоа, јас не можам да го предвидам. И таа е битна околност која ја имавме во предвид.

И третата околност, како што напомена, е коинциденцијата што ова Упатство ни беше оспорено на два дена пред изборниот молк.

-Кога судот носи одлука, сум го кажал ова многу пати, тој во предвид ги зема сите можни правни последици од неговата одлука. За волја на вистината, подносителот на иницијативата како добар познавач на правото имал четири години можност да иницира законодавната акција, бидејќи тој истовремено е и пратеник. Значи, имал четири години да иницира законодавна акција, да предложи измени и дополнувања на Изборниот законик за тоа како ќе се распределува минутажата што им е одредена со закон. Меѓутоа, тоа не го сторил во изминатите четири години, го сторил во тек на изборниот процес. За јавноста да знае, судот постапува по таа иницијатива. Исходот не можам да го предвидам, рече тој.

Упати апел до подносителот на иницијативата – претседателот на Левица Димитар Апасиев, да покаже поголема политичка, правна и академска култура.

-Сакам да упатам апел бидејќи станува збор за подносител на иницијатива пратеник, професор, треба да покаже поголема и политичка, правна и академска култура. Тој често користи несоодветен и некоректен речник квалификувајќи ги постапките на Уставниот суд. Некогаш кога е задоволен од одлуките е во ред, некогаш не е во ред. Моето лично очекување е дека кога станува збор за пратеник, професор, лидер на партија, сепак треба да се покаже една повисока политичка, правна и академска култура. Ова се фактите на кои се темелеше денешната одлука, рече тој.

Костадиновски нагласи дека негово издвоено мислење е и оти со буџетски пари не треба да се финансира политичка кампања.

-Не само тоа. Што значи критериумот „резултат од претходните избори”? Што значи во период од 4 години може да се појават нови политички субјекти и некои да згаснат, а плурализмот налага фер и еднакви услови за сите. Со спортски термин да кажам, некои политички партии ја почнуваат утакмицата со 3-0 предност, а некои политички субјекти кои се создале во меѓувреме и уживаат поддршка кај граѓаните можеби не добиваат ништо. Тоа е едната страна и лично мое мислење како судија, мој личен став и така ве замолувам да пренесете, рече тој.

Костадиновски смета дека со народни пари премногу се плаќаат политичарите.

-Им се плаќа политичката кампања со буџетски пари, со Законот за финансирање на политички партии откако ќе завршат изборите по број на освоени гласови повторно со буџетски пари се плаќа, тие што се власт, тие што се опозиција земаат плати трипати со буџетски пари и откако ќе заврши мандатот некои функционери имаат право на апанажа, тоа се четири пати. Јас од тој аспект како судија го имам проблематизирано прашањето дали постои легитимна цел, дали е оправдано, дали е нужно?, нагласи Костадиновски.

Во иницијативата се наведува дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го издала упатството со цел да им го појасни начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање (ППР) за локалните избори 2025, меѓутоа го направила произволно и не ги опфатила сите политички партии од позицијата туку само поименично наведените од оспорената точка 3 од Упатството. Се тврди дека на овој начин е оневозможено платеното политичко рекламирање на партијата „Левица” и на политичката партија ЗНАМ.

Подносителот на иницијативата тврди дека АВМУ при уредување на спорните одредби свесно користи термини како „може” и „најмногу” кои не треба да се толкуваат рестриктивно и во буквална смисла, бидејќи на тој начин не треба да се обезбеди исклучиво право на некого или автоматска распределба на сите осум минути во медиумскиот простор на однапред утврдени две политички партии од позиција и опозиција.

Подносителот во иницијативата се повикува, меѓу другото и на член 70 став 2 од Изборниот законик согласно кој учесниците во изборната кампања имаат право на рамноправен пристап и под еднакви услови да ги користат сите видови на известување, пренесе МИА.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ