• Latest

Уставните судии едногласни: Членот 12 од Законот за изградба на коридорите 8 и 10 е неуставен и штетен за работниците

March 29, 2022
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Вилодимир Зеленски на Х

(ВИДЕО) Најмалку 10 убиени, 48 повредени во масивен руски ракетен напад на Кијив

August 28, 2025
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставните судии едногласни: Членот 12 од Законот за изградба на коридорите 8 и 10 е неуставен и штетен за работниците

March 29, 2022 14:47
in ВЕСТИ, ПРАВДА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка по член 12 од Законот за изградба на делници од коридорите 8 и 10.  Со тој закон се утврдува како стратешки партнер американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка” за реализација на проектите за изградба на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани и за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8, како и на делницата на автопатот Прилеп – Битола на Коридорот 10, пренесува МИА.

Судиите едногласно на дискусијата ги искажаа нивните ставови дека тој член е неуставен и е на штета на работниците. Со член 12 се регулира дека работното време на работниците ангажирани за изградба на Коридорите „може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Судијката известител Вангелина Маркудова смета дека 60 работни часа редовно во текот на годината во секакви временски услови, на што всушност и овој член укажува и дека работното време може да трае и подолго од 60 часа, може да доведе до повредување на работните права.

-Овој член очигледно ги повредува начело за уставност на законите и меѓународните конвенции. Би можело да се доведе до сомнение со владеењето на правото и затоа барам поведување на постапка, рече Маркудова на седницата.

Претседателката на Уставен суд, судијката Добрила Кацарска смета дека со овој закон не требало воопшто да се споменуваат тие 60 работни часа бидејќи, како што рече, од друга страна пак во Законот за работни односи е точно разработено што претставува прекувремена работа, а во Република Сeверна Македонија сите овие права  на работниците се опфатени со Закон за работни односи и колективни договори. – Неспорно е дека треба да се поведе постапка и да се укине, додаде Кацарска.

 

Според судијата Дарко Костадиновски, одредбата може да се доведе во сомнение со уставноста и затоа, како што рече, го поддржува предлогот за поведување на постапката.

– Работното време предвидено да биде 60 часа во просек кога постои градежна сезона упатува дека ќе биде и подолго од 60 часа и тука се доведува во прашање работната сила на работниците, што значи ќе се работи „од утро до мрак”, а кај нас да потсетиме дека присилната работа не се дозволува туку се санкционира, истакна судијата Осман Кадриу.

Подносители на иницијативата се Сојуз на синдикатите на Македонија – ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија претставуван од претседателот Иван Пешевски, како и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од претседателот на здужението Кристина Ампева

Според наводите на подносителите на иницијативата од ССМ и СГИПРМ оспорениот член 12 од Законот е во спротивност со членот 8, 9, 32, 34 и 35 од Уставот и член 4, член 116 и 117 од Законот за работните односи; член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството како и со член 2 од Законот за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори) 1949.

Подносителот наведува дека во оспорениот член се предвидува дека стратешкиот парнер имал целосно право да го организира и распоредува работното време на работниците кои ќе биле ангажирани на проектот со можност работното време за секој поединечен работник во просек да трае 60 часа неделно во текот на годината.

Според наводите во иницијативата на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“, оспорената одредба од член 12 од Законот не е во согласност со членот 32 од Уставот, со членот 116 од Законот за работните односи, Конвенцијата бр.14 за неделен одмор (во индустријата) 1921, ратификувана 17.11.1991 год. и Конвенцијата за неделен одмор (трговија и канцеларии 1957), (бр.106). Подносителот наведува дека одредбата се коси со уставните и законските норми што го уредуваат правото на неделен одмор на работниците.

Според подносителот, оспорената одредба е правно неиздржана, во делот: „во просек 60 часа неделно во текот на годината“. Во иницијативата се наведува дека овој дел предизвикува правна несигурност и е во спротивност на уставните и законските норми коишто го регулираат работното време на работниците и правото на неделен одмор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ