Учениците од СУГС „Георги Димитров“ самоиницијативно спроведоа акција за собирање донации на кумановското семејство Стефановски што подолго време живее во куќа без покрив и никаква финансиска помош.
Дел од активистите на ЦИВИЛ Млади се ученици во „Геориги Димитров“. Тие, заедно со еден од нивните професори го посетија семејството и поразговараа за нивните проблеми со кои секјдневно се соочуваат.
Според сознанијата на ЦИВИЛ Млади нивниот случај е на чекање во Министерство за труд социјална политика.
„Веќе четири години живееме вака. Привремено одевме во Скопје, живеевме во една напуштена куќа. И тоа што ни даваа социјално, ни го укинаа… Мајка ми има пензија од 10.000 и од тоа што ќе пружи живееме, ама не е доволно“, изјави Весна Стефановска, една од трите сестри што заедно со братот се водат како работно неспособни.
Д. Стојановски