• Latest

Утре почнува претседателската кампања – Седум кандидати во трка за вила „Водно“

April 3, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Утре почнува претседателската кампања – Седум кандидати во трка за вила „Водно“

April 3, 2024 12:16
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Утре официјално почнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори се на 8 мај, кога ќе се гласа и за втор круг од претседателските избори.

Кандидатите за шеф на државата ја започнуваат кампањата за која имаат за цел да стигнат до вила „Водно“ од каде се очекува во следните 5 години да ја извршуваат функцијата „татко“ или „мајка“ на нацијата.

Сите кандидати и партиите од кои доаѓаат веќе ги запалија моторите во максимално мобилизирање на гласачите за победа на изборите.

На овие избори ќе учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а потоа Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „ВЛЕН“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

Пендаровски и Давкова по втор пат ќе ги одмерат силите

Како и пред пет години на изборите во 2019 година и сега на „мегдан“ силите ќе ги одмерат Пендаровски и Слијановска. На тие избори  Пендаровски со слоганот „Заедно напред“, кој беше консесуален кандидат на ДУИ и СДСМ, издвои победа над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој настапи со слоганот „Македонија повторно горда“. На тие избори Пендаровски имаше 434.096 (51,69) гласови, додека Силјановска-Давкова имаше 375.434 (44,70%).

Стево Пендаровски / Гордана Давкова Силјановска

Прв кој оддржа конвенција за овие избори е актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој на партиските симпатизерите им порача дека Македонија е можна како демократска и просперитетна држава само ако ги одржува витални двата стратешки континуитети – евроатланските интеграции и меѓуетничките односи. Тој рече дека дека опозицијата нема донесено ниту една стратешка одлука за државата затоа што, како што посочи, преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси на долг рок, но на краток рок се губи рејтингот, а со популистички одлуки се чуваат фотелјите и парите, но не и интересите на државата и граѓаните.

Пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателска кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа на денот кога се избра да биде кандидат за шеф на државата кажа дека како претседателка ќе состави експертски тим на врвни професори по уставно право, не само од овде, туку и од странство, како на пример Франција, за  да го проучи Уставот во однос на генерирањето проблеми во уставниот поредок со кои се соочуваме.

Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на општина Куманово и кандидат за претседател од редовите на „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ на официјализирање на претседателската кандидатура на истакна дека доколку биде избран за шеф на државата, ќе се заложи да се одредат црвените линии од кои нема отстапување.

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово/ Фото: ЦИВИЛ

А кандидатката од партијата „Левица“ Билјана Ванковска во едно нејзино телевизиско интервју кажа дека Европа се милитаризира и наместо повеќе за социјала или како викаат за леб и путер даваат за оружје. Кандидатката од редовите на Левица, смета дека ЕУ нас нè третира како инфатилни, како и дека тоа одамна не е место на благосостојба.

Ова ќе биде втор обид на Ванковска да влезе во претседателската трка. Првиот беше пред 10 години кога најави независна кандидатура, но не успеа да го собере потребниот број на потписи.

Единствениот кандидат за претседател на државата кој ќе трча за вила „Водно“ а е во „американската црната листа“ е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Американскиот стејт департмент вели дека „како градоначалник на Карпош бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.

Стевчо Јакимовски / ГРОМ

Јакимовски на ова одговори дека е изненаден од одлуката на САД и најави дека нема да се откаже од изборната трка. Според него, ова може да се сфати како акт на насилство и како директно мешање во изборниот процес, што, како што рече, е казниво и кривично дело.

Таравари и Османи се за избор на претседател во Собранието

Европскиот фронт и коалицијата „ВЛЕН“ се двата албански политички блока во земјава кои ќе се натпреваруваат на претседателските и парламентарните избори.

И двајцата кандидати се дека изборот на претседател треба да се направи во Собранието.

Првично, опозициските партии се одлучија за формирање на коалиција од четири политички партии, наречена „ВЛЕН“, составена од Движењето Беса, Демократското движење, Алијансата за Албанците на претседателскиот кандидат Арбен Таравари и партијата Алтернатива.

„Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна, прво, имаме намера за првпат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори, а второ сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем“, посочи во едно од своите излагања претседателскиот кандидат Тарвари.

По Албанската опозициската коалиција, другата коалиција формирана од Демократската унија за интеграција е онаа на „Европски фронт“. Иако првично се планираше широка коалиција со „социјалдемократите“на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, ДУИ сепак одлучи коалицијата „Европски фронт“ да вклучи помали албански партии и други етнички заедници.

Бујар Османи ( ДУИ) – Арбен Таравари ( ВЛЕН)

Како одговор на албанската опозиција, ДУИ го предложи актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи за кандидат за претседател.

Османи како претседателски кандидат на лидерите на Европскиот фронт им ја врачи предизборната програма наречена „Декалог на европскиот претседател“.

Тој на таа средба посочи дека уставните измени ќе бидат услов за идни коалицирања, дека тоа е еден од столбовите за преговарање со политичките партии.

Доколку ја добие довербата од граѓаните за извршување на функцијата претседател на државата, Османи рече дека ќе иницира изборот на претседателот на државата да биде во законодавниот дом, бидејќи според него, тоа ќе ја деполаризира политичката сцена. Вели на тој начин претседателот ќе биде плод на консензус на политичките партии во македонскиот и албанскиот блок, како и деполаризатор кој ќе обезбеди државата да не биде во перманентни политички кризи.

Изборот на претседател со консензус во законодавниот дом, додава Османи, не е етничко прашање.

Назми Абдурахмани

 

Tags: Арбен ТаравариБилјана ВанковскаБујар ОсманиГордана Силјановска-ДавковаСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ