Германската амбасада во Скопје годинава ја прославува годишнината од „30 години германско-македонска соработка“ заедно со германските партнери, институции и фондации застапени во Северна Македонија.
Амбасадата во оваа прилика организира настан на #TeamDeutschland на 17 септември 2022 година помеѓу 12:00 и 16:00 часот во Градскиот парк Скопје (Школка).
Граѓаните ќе имаат можност да се информирате за активностите на одделните германски институции во Северна Македонија и да разменувате идеи.
Kултурна програма и забавни активности го заокружуваат настанот, кој ќе го отвори амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн.