ГЕРМАНИЈА Министрите воопшто нема ни да размислат за укинување на карантинот во земјата за најмалку три недели, истакна врвен владин претставник на германската влада. Дури и тогаш, мерките би можеле да продолжат да важат за некои луѓе. Многу земји низ Европа и низ светот размислуваат за заострување на мерките против коронавирусот за истиот временски период или за подолго.
СОЛИДАРНОСТ Група пациенти од Ломбардија во Италија и поширокиот регион на Алзас во Франција се лекуваат во германските клиники.
ТЕСТОВИ Се развиваат и се појавуваат на глобалниот пазар различни тестови. Меѓутоа, сé уште не постои сигурен комплет за само-тестирање.
ЗАЕДНИШТВО Заглавени поради карантин веќе со недели, Италијанците бараат светла точка додека во меѓувреме се прилагодуваат на живот со коронавирус. Чувството на дистопија се меша со ново чувство на заедништво.
СОМНЕЖ Кинеската влада сака да ја врати економијта назад и вели дека епидемијара КОВИД-19 во суштина е завршена. Но, експеритите стравуваат дека Пекинг можеби игнорира опасност која сé уште постои.
ИЗМАМНИЦИ Европската полиција Еуропол предупреди дека измамниците го користат стравот од болеста и нудат лажни маски, лекови, тестови за КОВИД-19, па дури и вакцини. Бернд Ригерт известува од Брисел.
СМРТНОСТ Индонезија има втора највисока стапка на смртност во светот поради КОВИД-19. Владата беше неподготвена да воведе карантин низ земјата и покрај постојаниот пораст на број на заразени со коронавирус и смртни случаи поврзани со вирусот.
МАЛИ, АФРИКА Со растечкиот број случаи на коронавирус, владата на Мали, Африка, прогласи медицинска итна состојба во земјата. Луѓето сепак ќе гласаат за нов парламент денес.