• Latest

Увидот во Избирачкиот список до 23 август, промените најдоцна до 7 септември

August 9, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Увидот во Избирачкиот список до 23 август, промените најдоцна до 7 септември

August 9, 2018 14:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Избирачкиот  список што денеска е ставен на јавен увид за  претстојниот есенски рефрендум за името се запишани  вкупно 1.805.700 граѓани.

Најдоцна до 7 септември ДИК ќе го заклучи Избирачкиот список во кој ќе бидат извршени сите промени што произлегле од увидот, така што се очекува бројката на гласачи да се промени.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска денеска на прес-конференција пред новинарите појасни дека промена во Избирачкиот список граѓаните може да напраат само со барања што ќе бидат поткрепени со соодветна документација. На забелешките дека во Избирачкиот список се уште се наоѓаат имиња на повеќе луѓе на иста адреса, рече дека ДИК Избирачкиот список го гради со податоци од МВР, Управата за матични работи и основните судови во Македонија. Условите за запишување во Избирачкиот список се лицата да бидат државјани на РМ, и да бидат полнолетни.

Укажа дека само со поднесување на одредена документација ДИК може да направи промена во Избирачкиот список и дека граѓаните при менувањето на живеалиштето треба да направат промена на адресите во личните карти.

Јавниот увид, што завршува на 23 август на полноќ, ќе се врши во подрачните канцеларии на ДИК и електронски на официјалната интернет страница на Комисијата. Граѓаните при увидот треба да се идентификуваат со покажување важечка лична карта или пасош, додека пак проверката ја прават електронски, апликацијата ќе биде постојано отворена за јавен увид, а пребарувањето може да се врши според единствен матичен број, адреса или име и презиме.

– Секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини. Барањето граѓанинот може да го поднесе до подрачното одделение или канцеларија на ДИК според неговото место на живеење, рече Гугучевска.

Истовремено со јавниот увид денеска започна и пријавувањето за изјаснување на иселениците во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии  на Република Македонија во странство, што, исто така, ќе трае до 23 август. Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање во странство може да се пријават директно во Де-ка-пеата и конзуларните канцеларии или електронски преку веб апликацијата dijaspora.sec.mk  објавена на интернет страницата на ДИК.

ДИК ќе отвори избирачки места во сите Де-ка-пеа каде за гласање ќе се пријават над 10 избирачи, додека во Де-ка-пеата каде што ќе има над илјада пријави ќе бидат отворени  и дополнителни избирачки места.

Во оние македонски амбасади и конзуларни канцеларии, каде што нема доволно кадар кој ќе го организира изјаснувањето на иселениците, како  што појасни Гугчевска, ќе бидат испратени избирачки одбори од Македонија.

Гласањето во странство ќе се одржи на 29 септември еден ден пред денот определен за референдумот, од 7 до 19 часот, според временската зона во  дипломатско конзуларното претставништво.

Иселениците барањата за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид го поднесуваат по електронски пат до ДИК најдоцна до 23 август на полноќ. (МИА)

Tags: ДИКизбирачки список
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ