Основачите на БиоНТек и главните луѓе за развој на вакцината против коронавирус на Фајзер, Угур Шахин и Озлем Туречи, велат дека вакцината против рак може да биде достапна до 2030 година. Иако брачната двојка научници не се сигурни околу употребата на терминот „лек“, вакцината против рак, што е во развој, би можела да има потенцијал значително да ги третира и да се бори против клетките на ракот, пишува Скај Њуз.
Лекарите Угур Шахин и Озлем Туречи пронајдоа нови начини за лекување на ракот, што го припишуваат на нивната претходна работа на вакцина против Ковид-19. Двојката, која успешно помогна во развојот на вакцината на Фајзер, изјави дека нивниот напредок за време на пандемијата во користењето на технологијата mRNA е враќање на работата за канцер.
Додека типичните вакцини содржат мал дел од вирусот што се користи за имунизација, mRNA исклучиво го користи само генетскиот код на вирусот.
Ова функционира на сличен начин откако ќе се инјектира во телото, дозволувајќи му да произведува антигени и да го изгради имунолошкиот систем против болеста.
Она што го развивавме со децении за да создадеме вакцина против рак беше ветар во грб за развој на вакцина против Ковид-19, а сега вакцината против коронавирусот и нашето искуство во нејзиниот развој се враќаат на нашата работа во борбата против ракот, истакна Туречи.