• Latest

Валандово, убавино!

August 21, 2017

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Валандово, убавино!

August 21, 2017 12:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Во колумната објавена еден ден пред вчерашниот референдум во Валандово, авторот Перо Костадинов, потенцира дека некој сака на граѓаните да им „накалеми и инсталира рудник. Сакаа тоа да го сокријат од нас. Небаре ние сме слепи и до таа мера смотани. Небаре ние пиеме сулфурна киселина!… Не заборавајте, Претседателот на Република Македонија е роден Валандовчанец! Всушност, тој во 2013 година прв ги најави рудниците во нашата општина. Целиот овој период никаде го немаше. Додека неговите сограѓани мака мачеа да им се слушне гласот, тој слушаше џез. Можеби и ронкаше калинки, не знам!“

Пишува: Перо Костадинов

Ова беше тежок и макотрпен процес. Милион опструкции и многу непроспиени ноќи. Но, конечно дојде денот. Утре, ние граѓаните на Општина Валандово ќе се изјаснуваме на референдум. Ѓаволски тешко се изборивме за нашето уставно загарантирано право. Да имаме право, ние граѓаните да кажеме дали сакаме тешка и загадувачка индустрија во нашата општина, којашто важи за најеколошка котлина во Република Македонија. Борбата нема да заврши овде и сега, но утре е таа битка. Императивната битка!

Сакаа да ни накалемат и инсталираат рудник. Сакаа тоа да го сокријат од нас. Небаре, ние сме слепи и до таа мера смотани. Небаре, ние пиеме сулфурна киселина! Се сопнаа. Валандово се разбуди! Малку народ сме, но им покажавме на сите како се бори. Со емоции, со страст, со разум! Не затоа што не плати Сорос, партијата или некои трансцедентни сили, туку затоа што знаеме да се почитуваме себеси и своите собраќа. Затоа што го сакаме нашето родно огниште. Затоа што сакаме да останеме овде. И затоа што не сме глупави!

Повеќе од јасно беше дека инвеститорот и суровиот капитализам ќе пркоси на граѓанскиот активизам и на гласот на граѓаните. Тоа сите го знаевме и го очекувавме. Но, она што сите не запрепасти беа невидените опструкции од родените валандовчани кои во моментот беа релевантни општествени фактори. Тие застанаа на спротивната страна од граѓанството. Тие мислеа дека граѓаните се шупливи тикви. И тие се сопнаа. Додека самите тие изгледаа гротескно, забрзано се јачаше граѓанскиот активизам. Валандово брилјираше.

По најтешкиот пат. Ова е прв референдум во историјата на Македонија обезбеден со потписи на граѓаните. Но, и тоа немаше да биде доволно. Група од седум советници на чело со претседателката на Советот на Општина Валандово глумеа ненадлежност. Градоначалникот се правеше паднат од Марс. Неверојатно и тажно! Не заборавајте, Претседателот на Република Македонија е роден Валандовчанец! Всушност, тој во 2013 година прв ги најави рудниците во нашата општина. Целиот овој период никаде го немаше. Додека неговите сограѓани мака мачеа да им се слушне гласот, тој слушаше џез. Можеби и ронкаше калинки, не знам! Јавниот сервис – МРТВ за кој радиодифузна такса плаќаат и граѓаните на Општина Валандово, исто така, ниту еднаш не спомна за институционалната борба на граѓанската иницијатива против рудниците во нивната општина. Молчеа и многумина други.

Но, еве го финалето. Утре. Граѓанскиот активизам ги победи и надживеа сите опструкции од сите. Сега сите ние, граѓаните на Општина Валандово ќе имаме право да одлучиме. Сега, сè зависи само од самите нас. Да не дозволиме да се каеме занавек. За вечни времиња.

Затоа, утре кога ќе станете излезете надвор и погледнете во небото. Вдишете го свежиот воздух и размислете. Вреди ли? Погледнете ги во очи вашите родители, вашите дедовци и баби, вашите деца! Вреди ли да го жртвувате вашето родно огниште, зеленилото и цвеќињата во вашите дворови? Вреди ли да ги жртвувате култниот ајвар, ракија, слатко од смокви и сокот од калинки? Вреди ли? Вреди ли оваа уметност од животна средина, оваа фузија помеѓу природата и нашите предци да ја продадеме вака ефтино? Вака несвесно и несовесно. Размислете! Вреди ли за туѓи бели дворови, сами да си копаме црни гробови?! Па,одлучете самите!

[divide]

(Објавено на ГевгелијаНет, во сабота на 19 август, еден ден пред референдумот во Валандово против „рудниците на смртта“. Авторот е советник на СДСМ во Советот на Општина Валандово. Колумната ја објавуваме со дозвола на ГевгелијаНет.)

Tags: ГевгелијаНетграѓански активизаммолкопструкцииОпштина ВаландовоПретседателот на МакедонијаСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ