• Latest
Скриншот од видео на Х

Уште еден лажен наратив се распадна: Умеров е во Украина

November 21, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Уште еден лажен наратив се распадна: Умеров е во Украина

November 21, 2025 12:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ
Скриншот од видео на Х

Скриншот од видео на Х

Share on FacebookShare on Twitter

Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, е во Украина, по враќањето од службено патување, потврди портпаролката на Рустемов, Дијана Давитјан за Укринформ.

Укринформ претходно објави дека Умеров бил на закажано службено патување. Поточно, тој ги посети Соединетите Американски Држави, каде што одржа серија работни консултации и состаноци со цел зајакнување на меѓународната поддршка за Украина, а исто така го придружуваше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на неговата посета на Турција.

Во видото објавено на Х, се вели дека при посетата на Зеленски на Анкара, министерот за одбрана Умеров беше меѓу оние што го пречекаа, тивко отфрлајќи ги неодамнешните лажни гласини дека му рекол на Зеленски дека нема да се врати во Украина.

Zelensky is in Ankara for talks with Erdoğan, as a high-level Pentagon delegation arrives in Kyiv. Defense Minister Umerov was among those that welcomed him, quietly dismissing recent false rumors that he had told Zelensky he wouldn’t return to Ukraine. pic.twitter.com/Qi4iWzoyRH

— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) November 19, 2025

На 17 ноември, Центарот за борба против дезинформациите во рамките на НСБО изјави дека тврдењата во кои се тврди дека секретарот на НСБО, Рустем Умеров, одбил да се врати во Украина од странство, се неточни.

Претходно, неколку македонски медиуми се „фатија на јадицата“ за наводното бегство на Умеров, објавувајќи ја дезинформацијата на своите страници со наслови како: Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал, и Москва тврди дека Умеров побегнал, украинскиот министер за одбрана не се вратил дома по корупцискиот скандал, повикувајќи се во текстот на објава на Телеграм на украинскиот пратеникт Алексеј Гончаренко од опозициската партија на поранешниот претседател Петро Порошенко, на кого National Security and Defence Council of Ukraine (НСДЦ) му воведе санкции со образложение дека Порошенко можел да ги „подрива националната безбедност, територијалниот интегритет и државниот суверенитет“ на Украина., на извештај од страницата „Clash Report“, со адресата во Истанбул, Турција, и дека сето тоа го пренел Кијив Пост со формулација: Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана, Рустем Умеров, моментално е отсутен од земјата, а сè повеќе се шпекулира дека е вмешан и во корупцискиот скандал што го „засега“ и Володимир Зеленски, иако, ко се отиде на страната на медиумот кој се цитира, може да се види дека оригиналниот текст на медиумот кој се цитира, не кореспондира со пренесеното. Таму (дез)информацијата се објавува со задршка, и се вели дека: Кијив ги отфрла тврдењата дека Умеров останал во странство поради нови скандали во одбраната
Непотврдени извештаи тврдат дека поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров останал во Турција и одбил да се врати, токму кога НАБУ сигнализираше нови истраги за корупција во одбранбениот сектор.
Во понеделник кружеа извештаи во кои се тврдеше дека Рустем Умеров – поранешниот министер за одбрана, кој сега е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) на Украина – останал во странство за да избегне претстојна истрага за одбрана од страна на агенцијата за борба против корупцијата на земјата.

 

Друг медиум кој ја објавија оваа дезинформација се повикува на објава на Телеграм на рускиот сенатор Алексеј Пушков, како и на соопштение на руската државна агенција ТАСС. Сепак, во овој медиум, на крајот од текстот се пренесува дека Центарот за борба против дезинформациите при Советот за национална безбедност и одбрана соопштил дека Умеров е во Соединетите Американски Држави, каде што одржува „серија работни консултации и состаноци“, и дека украинските медиуми, повикувајќи се на официјални извори, потоа објавиле дека враќањето на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана во Украина е закажано за 20 ноември, што на крајот и се случи.

Но, во насловот и во поголемиот дел од текстот, некритички се објавува дека „Поранешниот украински министер за одбрана Рустем Умеров избегал во Турција пред корупцискиот скандал и истрагите да влијаат на одбранбениот сектор на Украина“, што придонесува за дезинформирање и манипулација со јавноста.

Тимот за мониторинг на хибридни закани на ЦИВИЛ, и овој обид за манипулативно пренесување на руските дезинформациски наративи го вброи во серијата извештаи за рано предупредување за хибридна војна на ЦИВИЛ, продуцирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“, веќе предупреди на стратешката ранливост на Северна Македонија од  руските хибридни операции и даде препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност на ваквите закани.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ