„Накратко, за фингерпринт системот. Набавката на тој систем, ќе бидам многу искрен, навистина е смешна. Прво велите дека немате доволно време за донесување на соодветна постапка за набавка.
„Значи, почнувате да пишувате и поканувате компании да предложат колку би чинело да ја обезбедат опремата, а потоа го одбирате најевтиниот понудувач, за 5 милиони евра. Но, понудувачот потоа вели – да, тоа е идејата, но на крајот ќе чини нешто повеќе. Повеќе од двојно повеќе – 11 милиони евра. А потоа ја прифаќате понудата. Тоа не е соодветна постапка за набавка.
Имате тела во земјата, Државниот завод за ревизија и судство кое треба веднаш да реагира во врска со ова. Ова е погрешен начин на вршење набавки. На крај, владата има огромна одговорност. Тие треба веднаш да реагираат и да преземат дејство и да сторат сé што можат да спречат такви работи.“ изјави Питер Ванхауте, меѓународен медијатор на високо ниво, експерт за јакнење на парламентот и политичките партии во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети