Питер Ванхауте во опширно интервју за ЦИВИЛ МЕДИА посочи дека предвремени избори не се решение за излез од кризата, и дека владата треба да продолжи со мандатот и да ги решава проблемите.
“Прво, предвремени избори не се решение за излез од кризата. Во тек е криза. На ниво на влада, решете ги проблемите, продолжете понатаму, вршете си ја работата до крајот на мандатот и само потоа одете на избори. Ако имате предвремени избори, тоа ќе создаде дополнителна нестабилност, секако и во поглед на процесот на пристапување кон ЕУ кој и онака повторно е заглавен. Тоа не е начин да се продолжи напред. Покрај тоа, секако има и огромен дополнителен финансиски трошок за организирање на избори. Тоа не се прави бесплатно. Веќе имате преголемо трошење на пари во моментов, поради високите цени на електрична енергија и слично, така што не треба да се креира полоша ситуација од тоа што веќе е. Значи, продолжете со вашата влада. Создадете стабилност и продолжете до крајот на мандатот.“, изјави Ванхауте.