Трамп ја победи демократската противкандидатка Камала Харис и стана 47-от претседател на САД . И додека вестите за победата на Трамп продолжуваат да доминираат во светските наслови, а честитки за неговиот избор пристигнуват од сите страни, уредниците на „Венити фер“ се решија да ги извадат ракавиците и да ги објават негативните страни на новиот претседател.
View this post on Instagram
Објавувајќи ја во гро план сликата на разлутеното лице на Трамп (78), на насловната страница, публикацијата наведе листа со негативни укажувања, истакнувајќи ги:
Vanity Fair, публикација позната по забавното и политичкото покривање, во средата рано наутро откри нова дигитална корица на платформите на социјалните медиуми за да ја објави победата на Трамп над потпретседателката Камала Харис, драматично заклучувајќи:
„ 34 кривични дела, 1 пресуда, 2 нерешени случаи, 2 отповикувања и 6 банкроти, Уште 4 години. 47-миот американски претседател.“
Покрај фотографија одблиску на новоизбраниот претседател, која служи како позадина на дигиталната корица, покрај другите придружни линии на насловната страница, Vanity Fair во краткото резиме што го придружува постот на Инстаграм напиша:
„Четири години откако започна напад без преседан врз демократијата и ја напушти Белата куќа во срам, осудениот криминалец ќе се врати во Вашингтон, како 47-ми претседател на Соединетите Држави“.
Најновото издание на Vanity Fair предизвика жестока онлајн дебата помеѓу приврзаниците и противниците на Трамп.
Драган Мишев