• Latest

Вархеји ја посети Северна Македонија, Мицкоски „мудрува“, Собранието работи со полна пареа, 300 кривични пријави за кадри на ВМРО-ДПМНЕ…

January 15, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Вархеји ја посети Северна Македонија, Мицкоски „мудрува“, Собранието работи со полна пареа, 300 кривични пријави за кадри на ВМРО-ДПМНЕ…

January 15, 2020 17:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Од „мудроста“ на Мицкоски, кој наместо пречек со фанфари, ќе „истражува“ на кого му избегал Груевски, до сериозни средби значајни за иднината на државата, преку актуелизирање на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, до судски процеси – ден исполнет со средби, прес-конференции и утрински брифинг со Тимоние.

Мицкоски допрва ќе „мудрува“, но Кристијан Тимоние утрински предупреди дека предуслов за датум за преговори се успешни избори. Нешто подоцна во истата емисија „Утрински брифинг“ на Слободен печат, на истото прашање, Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, изјави дека во октомври сите проценија дека сме спремни за почеток на преговори.

Од Собранието, освен средбата меѓу Џафери и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс, известија дека Комисија за еднакви можности на мажите и жените денеска усвои План за активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 – 2021. Се одржа и јавна расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик. На јавната расправа се дискутираше за отворање нови лекторати во странство, вработување лектори во јавните институции, формирање инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик како посебна институција, електронски корпус на сите научни истражувања од македонистиката… За крајот на месецот, најавена е трета средба во рамки на процесот Жан Моне.

Најзабележително за денеска е посетата на новиот Комесар за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји. Вархеји прво се сретна со претседателот Стево Пендаровски, на која теми беа перспективите за членство во ЕУ и предвремените парламентарни избори. Вархеји ги потсети политичките партии на одговорноста за фер, слободни и демократски избори. Од начинот на кој ќе се спроведат изборите, ќе се оцени и сериозноста во намерите на земјата да влезе во ЕУ.

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски по те-а-тет средбата со Вархеји, одржа и заедничка прес-конференција. Вархеји одговарајќи на новинарско прашање рече: „Прашајте ги унгарските власти за враќањето на Груевски.“

Она што за него беше поважно е да го истакне ставот на ЕУ за Западен Балкан. „Мора да работиме врз основа на процената дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори. Нема промена во тој став и ќе се држиме до таа првична процена дека мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји“, изјави Вархеји.

И од судските процеси денеска повторно беше актуелен предметот „ТНТ“. Судењето се одложи за 20 јануари откако новиот состав на судечкиот совет го прифати барањето на одбраната за одложување на рочиштето поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски. Тој денеска по две пропуштени рочишта се појави во судот.

И накратко за криминалите: 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ се поднесени во последните две ипол години, соопшти СДСМ, од кои само 129 се процесирани пред надлежните судови.

„Многу од овие случаи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од остатоците од заробената држава во судството. Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството“, изјавија од СДСМ.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ