„Мислам дека САД не треба да го заборават Уставот на САД, а за Франција или Европа тоа е исто. Не треба да заборавиме зошто ја изградивме Европа по Втората светска војна, целата мрежа на отпор против нацизмот која е исто така на почетокот на историјата на европската унификација, но ова е филозофско. Сега знаете зошто популизмот и авторитаризмот се успешни? Тоа е затоа што тие лажат со конкретни работи кои може да одекнуваат во вистинскиот живот на граѓаните. На пример, Трамп вели „направете ја Америка повторно голема“, ќе имате повеќе пари, повеќе работни места, добро, тоа е лага, но беше избран како Хитлер или Мусолини, знаете, тие зборуваат многу, лажат, но луѓето гласаат за нив затоа што одговараат на конкретни работи“, изјави Оливе Ведрин на директор на Асоцијацијата Жан Моне на вториот панел од меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“, насловен „Победа над Путин и авторитаризмот: Потрагата по мир, правда и демократија“.
„Ако сакаме да го уништиме популизмот, мораме не само да бидеме многу филозофски, туку исто така и многу конкретни и прагматични. Мораме да изградиме нешто за да ги натераме луѓето да гласаат за нас или да се согласат со нас, а тоа значи дека мораме да покажеме какво општество сакаме да изградиме и како можеме да ги направиме луѓето посреќни во својот живот без да им лажеме, а тоа е многу тешко затоа што популизмот лаже, а ние знаеме дека сите диктатури и популизмот во историјата на крај се катастрофални.
Проблемот е што популизмот и авторитаризмот полесно се продаваат отколку демократијата. Тоа значи дека ќе се бориме, ќе победиме, но прашањето е, по што ќе победиме? По нова војна, нова револуција, по немири, затоа што еднаш луѓето ќе се разбудат во САД и во Русија и во сите земји каде што има авторитаризам, и мора да бидеме подготвени да им понудиме на тие луѓе кога ќе се разбудат вистински нов демократски систем со нашите вредности, а за вредности мора да се вратиме на Уставот на САД во САД и на основачите на Европската Унија во Европа“, изјави Ведрин.
Б. Ј.