• Latest
Photo- Fb page of Greek Orthodox Nativity Church Betlehem

Велигден во време на геноцид

April 20, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Велигден во време на геноцид

Палестинските христијани се поразени од молкот со кој нивните браќа и сестри христијани во светот, особено во Европа, која се гордее со своите христијански вредности за почитување на човековите права, различности и слобода, го набљудуваат геноцидот што се случува.

April 20, 2025 17:11
in ВОЈНА ВО ГАЗА, КОНТЕКСТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo- Fb page of Greek Orthodox Nativity Church Betlehem

Photo- Fb page of Greek Orthodox Nativity Church Betlehem

Share on FacebookShare on Twitter
Слобода Манојловиќ/ за Ал Џазира

Додека целиот христијански свет се подготвува за радосната прослава на најголемиот христијански празник, ние, кои ја сочинуваме локалната христијанска заедница во Палестина, дочекуваме уште еден Велигден во атмосфера на тага и неизвесност. Бомбардирањето на Газа не престанува, а војната, зад сцената, се шири низ Западниот Брег, каде насилно се раселени над 40.000 луѓе.

„Тоа што го направивме во Џенин и во Тулкарем, ќе ви го направиме и вам“, гласаа летоците што окупационите војници ги донесоа кога на почетокот на април со тешко оружје упаднаа во логорот Дехеише во Витлеем. Илегалните израелски населби околу Витлеем брзо се шират, а палестинската христијанска заедница во Витлеем се намалува.

Јас сум христијанка, мажена за палестински христијанин и сум дел од таа заедница повеќе од една деценија, една од најстарите христијански заедници во светот. И, сум директен сведок на намалувањето на таа заедница поради неподносливите услови за живот под воената окупација.

Палестинците христијани се нераскинлив дел од палестинскиот народ, подеднакво се борат за слобода и правда и ја делат истата судбина како и Палестинците муслимани. И затоа секоја идеологија заснована на исламофобија, која многу христијани во светот ја користат за да ги оправдаат злосторствата извршени врз Палестинците, паѓа во вода.

Палестинските христијани се поразени од молкот со кој нивните браќа и сестри христијани во светот, особено во Европа, која се гордее со своите христијански вредности за почитување на човековите права, различности и слобода, го набљудуваат геноцидот што се случува.

Бомбардирање, етничко чистење, угнетување, заземање земја и природни ресурси, окупација, протерување, се што се случува во Газа и на Западниот Брег, не само во изминатите 18 месеци, туку и во изминатите седум децении, се случува со помош и поддршка на христијаните во светот. Многумина од нив ја поддржуваат силата, злото и неправдата со своите пари, но и со своите теологии.

За просечниот Европеец кој води мирен живот во својата земја, кој ги почитува своите слободи и права, тешко е да ја разбере окупацијата и апартхејдот што постојат во 21 век, да го разбере опсегот на бруталната колонијална и расистичка политика на израелските власти кои угнетуваат милиони Палестинци. Пред десет години бев една од оние кои го набљудуваат животот на турбулентниот Блиски Исток од удобноста на нивните топли домови, не знаев и не можев да разберам што се случува овде.

Ниту што се случувало пред неколку децении. Но овие луѓе со кои го делам мојот живот, кои се длабоко вкоренети во својата земја, во нивната вера и отпор, ме учат секој ден.

Многу такви европски христијани ги посетуваат светите места во Ерусалим во овие свети предвелигденски денови, шетајќи слободно низ улиците на Стариот град, кои се недостапни за многу Палестинци, староседелци во оваа земја. Затоа што, за да можат Палестинците од Западниот Брег или Газа да се молат во нивните цркви и џамии во Ерусалим, треба да побараат дозвола од окупаторите.

Од почетокот на овој геноцид, бројот на тие дозволи е драстично намален и светиот град Ерусалим остана недостапен за многумина. Се проценува дека бројот на христијанските Палестинци на Западниот Брег и Газа е (речиси) околу 50.000, а годинава за време на Велигден беа издадени само 4.000 дозволи за влез во Ерусалим.

Меѓутоа, утрото на Сабт ил-Нур (Велика Сабота), кога православните христијани го пречекуваат Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Стариот град, ниту еден од палестинските христијани од Витлеем и околината, кои ја држеле таа понижувачка дозвола во свои раце, не можеле да го преминат главниот израелски илегален контролен пункт во Витлеем („Checkpoint 300“). Оние кои имаа среќа да поминат друг контролен пункт на Западниот Брег, сепак не успеаја да влезат во Стариот град бидејќи окупаторската полиција ги спречи.

Сликите и видеата од малтретирање, удирање, туркање и понижување на локалните христијани кои се обидуваат да влезат во најголемото христијанско светилиште со свеќи и крстови во рацете, оваа година повторно ќе го обиколат светот. Моментот во кој бесен израелски полицаец, кој ги турка луѓето без да им дозволи да се приближат до црквата, вади пиштол и го вперува право во лицето на еден од домородните христијани од Ерусалим, ќе биде снимен како доказ за бруталноста на окупаторот, кој со години го претвора најсветиот христијански празник во ден на терор и понижување на локалното христијанство.

Се прашувам дали една единствена христијанска црква на Запад ќе реагира, ќе проговори, ќе го осуди ваквото брутално кршење на основните човекови права и ќе го повика окупаторот на одговорност?

Ние христијаните веруваме дека Христовото воскресение е победа над смртта. Но, не само тоа. Воскресението е исто така добра вест (евангелие) за ослободување на сите угнетени. И токму оваа надеж и верба во ослободувањето се манифестираат секој ден овие луѓе, овие живи камења на Палестина. Затоа што дури и децениското угнетување, убивање, принудно раселување, заземање домови и земјиште, не ја убиле надежта на Палестинците дека ќе го дочекаат денот на слободата. Постојаност, непоколебливост, вистина, храброст, истрајност во верата. За тоа секојдневно ни сведочат овие луѓе.

Да, палестинската христијанска заедница секоја година се намалува поради бруталната воена окупација, но меѓу овие луѓе сигурно има и такви кои веруваат дека денот на слободата ќе го дочекаат во своите домови. Една од нив е мојата свекрва, мајката на мојот сопруг, која и покрај се, цврсто верува дека нејзиниот народ ќе ги скрши оковите на израелската окупација и ќе ја дочека слободата во својата земја со своите внуци. Не сака да си оди, не се плаши од секојдневните закани на окупаторот. Напротив, таа денес со вера и љубов подготвува подароци – вапсани велигденски јајца и мамул каек (велигденски колачиња полнети со урми или јаткасти плодови) – за својот сосед Мухамед, од кого секоја недела го купува најдоброто овошје и зеленчук во градот.

Палестинските христијани кои во ова ужасно мрачно време во кое живеат денес, време на геноцид, се спротивставуваат на безнадежноста и злото што окупаторот ги сее насекаде околу нив, вистински ги потврдуваат зборовите на Евангелието: „И светлината свети во темнината, и темнината не ја победува“ (Јн. 1, 5). Бидејќи секој ден живеат Велики петок, секој ден се распнуваат со Христос.

Но, со својата непоколеблива вера и заедничка борба со своите сонародници муслимани, тие секојдневно воскреснуваат со Христос, очекувајќи го денот на ослободувањето на сите обесправени.

Христос воскресна! И нека воскресне Палестина!


Слобода Манојловиќ- по потекло Југословенка, христијанка по дух и активистка за човекови права на угнетените по убедување. Таа ги проучува вештините за преживување на Блискиот Исток повеќе од една деценија. Мајка на две палестински деца. Од безбедносни причини пишува под псевдоним.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ