• Latest

Велковски: Владеењето на правото е она на кое како држава се сопнуваме на патот за влез во ЕУ

October 14, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Велковски: Владеењето на правото е она на кое како држава се сопнуваме на патот за влез во ЕУ

October 14, 2020 16:39
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Свети Николe, Сашо Велковски, одговори и на прашањата на ЦИВИЛ поврзани со актуелната политичка состојба, европските вредности и ЕУ интеграции.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Велковски: Мое мислење е дека политичката состојба во државата по предвремените парламентарни избори се стабилизира. Народот и даде зелено светло на постоечката владејачка гарнитура предводена од СДСМ и намерата за побрза евроинтеграција на нашата земја. Добро водената надворешна политика во претходниот период кога направиме голем чекор во стабилизирање на односите со сите соседи, пред сè со Грција и Бугарија ни ги отвори вратите за НАТО и ЕУ. На новата Влада и претстои тешка работа пред се во искоренувањето на корупцијата и криминалот во државата, решавање на низа прашања врзани меѓу коалиционите партнери во Владата. Имајќи предвид дека скоро сите политички партии во новата влада претендираат за побрза евроинтеграција, сметам дека со тоа ќе се намалат и сите политички тензии кои постојат во државата. Исто така верувам дека и опозицијата ќе биде конструктивна во донесувањето на одлуки кога се работи збор за евроинтегративните процеси .

ЦИВИЛ: До локалните избориима околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Велковски: Има уште една година до наредните локални избори. Сметам дека до сега генерално на ниво на држава оваа гарнитура на градоначалници направи многу за развојот на својата локална самоуправа и покрај трите циклуси на избори што ги имаме во претходните три години. Скоро сите општини ги расчитија своите долгови кон стопанските субјекти од нашата држава и секој се стреми кон тоа својата општина да ја модернизира и направи прекрасно место на живеење на своите сограѓани.

Верувам дека граѓаните ќе го препознаат работењето на градоначалниците бидејќи тие се оние кои даваат и одземаат власт.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа во вашата општина се подготвува за интеграција во ЕУ?

Велковски: Почитувањето на европските вредности е една од основните поставки на оваа локална самоуправа. Се грижиме на граѓаните да им овозможиме подобри и посовремени услови за живеење. Токму во тој контекст изготвуваме стратегии, планови и програми со цел подобрување на квалитетот на живеење,, транспарентност во работењето на локалната самоуправа, организирање на форуми на заедници со цел реализирање на проекти по волја на граѓаните, размена на културни вредности со други општини во државата и надвор од неа, соработка со НВО секторот, развој на спортот во општината, привлекување на инвестиции преку изработка на урбанистички планови, заштита на животната средина преку изградба на канализациони мрежи во градот и селата, изградба на локална инфраструктура и сл.

ЦИВИЛ: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Велковски: Почитувањето на човечкотото достоинство, слободата, демократијата, еднаквост, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата на малцинствата се дел од европските вредности кон кои сите ние се стремиме, како држава кандидат за членство во ЕУ. Почитувањето на овие вредности го подигнуваме на повисоко ниво од година во година. Би истакнал дека како дел од европската вредност е и рамноправноста на жените и мажите, кои во последно навреме навистина се издигнати на високо ниво за почитување. Сепак, според мене, владеењето на правото е она кое ние како држава се сопнуваме за патот за влез во ЕУ. Затоа, примарно е во наредниот период сите ние, вклучувајќи ја и Владата, да направат интензивни напори за почитување на еден од овие вредности.

Во последните години се прават напори за поттикнување на социјалните права и заштита, како и заштита на правата на децата.

Спречувањето и борбата против криминалот е една од вредностите на кои, исто така, можеме и мораме да обрнеме посебно внимание. Секако тука спаѓа и борбата против корупцијата. Со новиот начин на работењето на новата Влада, новоотвореното место заменик претседател на влада за корупција, ваквите вредности верувам дека многу брзо ќе ги оствариме, односно реализираме.

обработка на текст: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ