• Latest
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025 09:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики – нови или преземени од законите што се во сила, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада.

Во мислењето се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител, како и тој да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието.

– Со оглед на важноста на овие прашања за автономијата и релативната независност на Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува во контекст на идната уставна реформа, Уставот да се измени и по овие точки, се наведува во документот.

Во однос на Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, во мислењето се препорачува да се преиспита времетраењето на професионалното искуство на сите членови-поротници на Советот, како и да се обезбеди алтернатива на начинот на кој се избираат четирите членови поротници, со што ќе се обезбеди избор базиран на заслугите и интегритетот на кандидатите, како и разновидна застапеност.

Венецијанската комисија предлага и функцијата на обвинителите избрани за членови на Советот на јавни обвинители да биде суспендирана за време траењето на нивниот мандат во Советот.

– Да се разјаснат концептите „влијае врз автономијата на јавните обвинители“ или „ги занемарува или не ги извршува своите функции и должности во работата на Советот“ како основа за разрешување на членовите на Советот на јавни обвинители, се вели во препораките.

Натаму се предлага вклучување дополнителни заштитни мерки со цел важни одлуки, како оние за предвремен прекин на мандатот на член на Советот, да се носат мнозинство гласови на обвинителите во Советот.

– Во Предлог-законот експлицитно да се предвиди дека и обвинителите и лаиците членови на Советот, се избрани врз основа на индивидуален капацитет, дека членовите обвинители не се подредени на Јавниот обвинител на Републиката во однос на нивната работа во Советот, како и да се предвиди дека Јавниот обвинител нема право на глас во Советот за одредени области, како што е дисциплината, се наведува во документот.

Венецијанската комисија предлага и како преодна мерка во Законот да се предвиди дека актуелните членови на Советот ќе продолжат да ја вршат функцијата до истекот на нивните сегашни мандати.

Во однос на Предлог-законот за Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува при одредување на подобноста за извршување на функцијата јавен обвинител меѓу критериумите да се вклучат и менаџерските и организациските вештини, како и да се прецизира дека е можен само еден реизбор на јавниот обвинител.

– Да се предвиди дека секоја кривична пресуда што подразбира затворска казна го прекинува мандатот на Јавниот обвинител и обвинителите; да се изменат основите за разрешување на Јавниот обвинител за да се обезбеди поголема јасност и предвидливост; да се бара од Владата да достави јасно образложение до Собранието кога отстапува од мислењето на Советот на јавни обвинители за разрешувањето на Јавниот обвинител и да се обезбедат соодветни процедурални заштитни мерки за обвинителите што се оценуваат, се додава во препораките.

Венецијанската комисија, исто така, препорачува да се отстрани можноста две последователни негативни оценки за работењето од листата на „најтешки дисциплински прекршоци“ да доведат до разрешување на обвинител, како и да се разјасни дека одговорноста на јавниот обвинител пред Собранието не се однесува на поединечни обвинителски одлуки и гонења на Јавното обвинителство.

Во мислењето се препорачува и да се овозможи член-поротник на Советот на јавни обвинители да биде и негов претседател, како и да се прошири можноста за барање за изземање на член на Советот на јавни обвинители, поради судир на интереси ако учествувал или учествува во други постапки против тој јавен обвинител или кандидат за јавен обвинител.

– Да се избрише фразата „освен ако не е поинаку определено“ од одредбата за еднаквоста на правата и обврските на членовите на Советот на јавни обвинители во Предлог-законот за Советот на јавни обвинители или да се обезбеди затворен список на исклучоци од еднаквоста на правата и обврските на членовите на Советот. Да се разјаснат некои од дисциплинските основи во членовите 93 и 94 од Предлог-законот за Јавното обвинителство, како и концептот на „тешки последици“ што се користи во член 90 од истиот Предлог-закон, додава Венецијанската комисија, посочувајќи дека останува на располагање на македонските властите за понатамошна помош по овие прашања.

Заедничкиот документ на Венецијанската комисија и на ДГИ е изработен по барање на министерот за правда Игор Филков од 24 јули годинава за мислење за Предлог-законот за Јавното обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители.

Мислењето е побарано, како што се наведува во документот, во врска со намерата на македонската Влада да го подобри судскиот интегритет преку ревидирање на процесите за регрутирање, избор, назначување, оценување, унапредување, преместување и разрешување на судии и обвинители.

– За таа цел, во декември 2023 година беше усвоена Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2024-2028), која утврдува различни мерки со цел, меѓу другото, зајакнување на автономијата на Јавното обвинителство, подобрување на улогата на Советот на јавни обвинители (особено во однос на евалуацијата на обвинителите), реформа на процедурите за избор на членови на Советот и подобрување на дисциплинските постапки, посочува Венецијанската комисија.

Во рамки на подготовките на мислењето делегација на Комисијата на 1 и 2 септември престојувала во Скопје на средби со претставници на Министерството за правда, Врховниот суд, Советот на јавни обвинители, Здружението на обвинители, Адвокатската комора, на Делегацијата на ЕУ во земјава, како и на неколку невладини организации.

Извор: МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ