• Latest
Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Весна Цветановска: Реформи во високото образование и креирање квалитетни економски политики

August 15, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Весна Цветановска: Реформи во високото образование и креирање квалитетни економски политики

August 15, 2020 09:45
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Studenti na univerzitet sveti kiril i metodija

Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Активистката Весна Цветановска пишува:

Република Северна Македонија, се наоѓа на еден од најголемите крстопати, во нејзината современа историја. По поминати скоро четири трнливи години во решавање на горливите меѓусоседски односи, првенствено со договорот од Преспа со кој се стави крај на долгогодишната политичка и национална голгота поврзана со името на нашата земја, а потоа и договорот за добрососедство со Бугарија.

Имајќи предвид дека овие спорни прашања се веќе зад нас и во очи на започнувањето на претпристапните преговори за членство во Европската Унија, новата влада и нејзиниот прв човек ќе треба сериозно да застанат пред браникот на народот и заеднички со оние кои ги избрале да ги постават патеките за стабилен и долгорочен економски раЗвој, базиран на граѓанското мислење но и на политичките програми.

Од тој аспект, за развојот на општеството во овој момент веројатно економската компонента не само што е клучна туку е и пресудна за понатамошниот пат на државата и за добивањето доверба на наредните парламентарни избори.

Граѓанинот во Република Северна Македонија ги полага своите очекувања, во конкретни економски мерки. Тоа, првенствено, се должи на доглогодишните и изнемоштувачки тешки економски процеси низ кои минуваше државата од самите нејзини самостојни државнички чекори, што доведе до комплетно осиромашување на економскиот вид ресурси.

Граѓаните сметаат дека новата влада треба да биде насочена кон креирање квалитетни економски политики кои ќе придонесат кон создавање подобар и поквалитетен живот за сите, со посебен акцент на создавањето квалитетни работни места за млади луѓе.

Во суштина, тие нивни барања се оправдани, затоа што тоа е еден од основните постулати и компоненти кои се предвидени и со отворањето на европските поглавја, односно стабилна економија.

Од новиот мандатар се очекува да креира влада која, пред се, ќе почива на силни економски и социјални основи. Тоа би значело преговори со приоватниот сектор за зголемување на платите на вработените, овозможување подостоинствени услови за работа ( пофлексибилно работно време, соодветни надоместоци за дополнителни работни часови, наградувања за труд, итн ).

Меѓу другото, владата и приватниот сектор треба да бидат партнери и во однос на создавањето нови работни места и привлекувањето што повеќе млади да работат во тој дел. Тоа би значело значително растоварување на јавната и државната администрација и ре – алокација на човечки ресурси по принципот на квалитет.

Исто така, комплетно соодветен би бил и предлогот да се пристапи кон значително редуцирање на јавната и државна администрација, односно значително намалување на границата за одење под пензија кај мажите и кај жените, отворање нови работни места за младите кои ги исполнуваат условите врз база на степенот на соодветно образование.

Меѓу другото, новата влада треба да работи и на измена на законите за работни односи, односно за условите кои треба да ги исполнуваат апликантите за работното место, првенствено во делот на работно искуство, односно да се изврши ексклузија на тој сегмент. Токму поради таа законска клаузула, многумина млади не можат да поднесат соодветни апликации за работни места, во недостаток на работно искуство за потребната позиција.

Понатаму, сериозни реформи треба да се извршат и во делот на високото образование, односно во согласност со испитувањата на јавното мислење, стручната јавност и ректоратите на високообразовните институции, да се испита и да се разгледа потребата од редукција на образовните профили во делот на економијата, правото, медицината и туризмот, од причина што секоја година пазарот на трудот се соочува со хиперпродукција на кадри од овие профили, така што не може да дојде до соодветно задоволување на овие потреби.

Согласно испитувањата кои како младински активист и член на невладина младинска организација која е во постојан напор за подобрување на квалитетот на младиот човек ги извршувам на месечно и на годишно ниво, во средното образование не се обрнува доволно внимание на профилирањето на идните академски чинители. Напротив, многу повеќе се вложува во овие непродуктивни струки кои произведуваат кадри со заситеност на пазарот.

Постојат уште многу други проблеми и предизвици со кои новиот мандатар треба да се соочи, при селекцијата на новата извршна власт во Република Северна Македонија. Тој и членовите на кабинетот ќе бидат многу успешни во областите кои ги третираат, доколку го слушаат гласот на народот кој ги заокружил на избирачкото ливче, затоа што само мудрите политичари кои знаат да создадат мостови на соработка со народните маси, си обезбедуваат место во вечната колективна меморија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ