ИЗБОРИ: Според ревидираниот Роковиник на ДИК, Министерството за здравство треба да поднесе податоци до Комисијата за здравствени работници што ќе бидат дел од Избирачките одбори за гласањето на 13 јули, за сите они граѓани што се во домашен карантин или самоизолација поради пандемијата. Рокот истекува во сабота, 21 јуни. МЕДИУМИ Како да се реши платеното политичко рекламирање е дилема со која се соочуваат медиумите со оглед на две спортивставени одлуки на ДИК и АВМУ. Од една страна е ДИК со одлуката од буџетот на државата за рекламирање да се одели на на СДСМ и ДУИ како две прворангирани партии на власт и ВМРО-ДПМНЕ и Беса како две партии во опозиција. Од друга страна, според Движењето Беса, кое денеска информираше за поднесена тужба до АВМУ, одлука на Агенцијата е медиумскиот простор за рекламирање и застапеност е поделен 50-50 меѓу коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, и ДУИ, од едната страна и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”, од друга страна.
НАТО: Mинистрите за одбрана на НАТО на денешниот состанок, на кој присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска имаа една точка на дневен ред, состојбата со Ковид-19 во светот. Тие донесоа Оперативниот план на Алијансата за координирана акција во справување со пандемијата на корона вирусот.