ИЗБОРИ – ЦИВИЛ, преку соопштение, го поздрави постигнувањето на договорот за датум за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
„Со овој договор ѝ се стави крај на неизвесноста, по бројните одложувања. Иако препораките на ЦИВИЛ беа последен датум да биде 5 јули, дополнителните 10 дена одложување не значат многу во споредба со барањата на дел од политичките партии тие да се одржат кон крајот на август или септември“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.
По повод конечното усогласување на датумот за избори, ЦИВИЛ уште еднаш ја потсети јавноста дека почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот е обврска на сите граѓанки и граѓани, како и на политичките партии, институциите, медиумите и граѓанските организации.
ДИК – Државната изборна комисија денеска го усвои ревидираниот Роковник за претстојните предвремени парламентарните избори откако доцна синоќа Владата ја задолжи комисијата во рок од еден ден да донесе нови рокови во кои ќе се спроведуваат изборите.
Од ДИК објаснија дека на 13 јули ќе гласаат лицата што се во домашен карантин или во самоизолација, на 14 јули ќе гласаат сите немоќни и болни лица. Вториот ден од изборите ќе гласаат и хронично болните лица, како и другите што според Изборниот законик, гласаат ден пред избори.
На 13 јуни ќе се формираат посебни избирачки одбори, со три доктори за лицата што се во домашен карантин и во самоизолација.
БЕЗ ФИЛТЕР ( ВИДЕО КОЛУМНА) Изборите се закажани, не чека триесетдневно цунами…