Ви го претставуваме мразачот Јове Хаџиевски од Битола, инаку психолог, кој во април 2019 година, преку својот Фејсбук упати навреда кон премиерот Зоран Заев кој при доделување на награда се фотографираше со деца со Даунов синдром, а над која напиша „Конечно во друштво со интелектуално рампноравни на себе“.
Потоа се извини дека лицата со Даунов синдром не му беа цел на навреди, туку Заев. Очигледно психологот Хаџиевски е опседнат со Заев, па покрај говорот на омраза, во еден пост на Фејсбук му посакува и „снајпер“.
Исто така може да се забележи од неговите објави на Фејсбук дека е антиваксер, патриот и голем верник.
Покрај тоа што е верник, тој се смета и за патриот (читај националист), па секој што пишува против национализмот го смета за предавник и против него/нив користи говор на омраза. Таков е и случајот со уметникот Зоран Кардула кој во текст за ЦИВИЛ Медиа вели: „Мора да покажеме зрелост и сите заедно да осудиме секаков вид на говор на омраза, тука нема компромис“.
Ова се податоците за мразачот Хаџиевски.
Мразачот Хаџиевски е психолог, националист, подржувач на ВМРО-ДПМНЕ, движењето Бојкотирам и Христијанско Братство, верник, антиваксер…
Тој продолжува со истиот речник исто како и од пред три години, односно и по „извинувањето“ продолжи да користи говор на омраза! И деновиве може да се забележи дека се занимава со својот омилен „спорт“ – омразата.
Говорот на омраза е забрането и казниво со закон. Но, за жал, говорот на омраза се толерира од надлежните органи кои треба да го санкционираат. Често ваквиот експлицитен говор на омраза предизвикува да има и дела од омраза, односно да има и физички напади. Институциите мора да реагираат и да ги санкционираат сите што користат говор на омраза.