• Latest
Добро утро со Орданоски

Ви се чини забавно? Додека вие не станете предмет на забавата…

April 16, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ви се чини забавно? Додека вие не станете предмет на забавата…

„Системот“ мора да произведува проверени и навремени вести, бидејќи не е во интерес на самата јавност актуелните теми да се тривијализираат, да се банализираат, да се сведуваат на озборувања и конфронтации, кои „за пет минути“ се претвораат во политички и лични пресметки

April 16, 2022 08:55
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Ќе помине и цела недела од трагедијата пред дискотеката во Градски парк, а јавното фејсбук-черечење на настанот и актерите во него не стивнуваат. Протече видеоснимка направена од државни камери, јавно се прераскажуваат приватни лекарски наоди и се интерпретираат медицински дијагнози за починатиот, изјавите на сведоците се „во трка“ со изјавите на анонимни службени лица за наводното однесување на приведените во полициска станица, а неовластено и сеирџиски објавените детали од апсењата се поколоритни од оние во официјалните записници… Сите се натпреваруваат кој ќе додаде повеќе контроверзи од животот на починатиот и осомничените, се пласираат најфантастични претпоставки, се имплицираат роднини, се шират алузии за секс, видеоленти, алкохол, сомнителни наркотични супстанци, дискотека без дозвола за работа, нејзини сопственици со врски во политичко-полициското подземје, партиски препукувања, меѓународна „димензија“…

Јавноста веќе правосилно им пресуди на замешаните, без право на жалба. Понатамошната истрага, документирањето на случајот и судскиот процес што би следувал ќе бидат непотребно трошење на време и државни пари.

Сите размислуваат во ритамот и форматот на таблоидните портали, удавени во воајерската тривијалност на социјалните мрежи. Нема сочувство ниту со жртвата ниту со семејството, нема емпатија ни за осомничените.

А потоа нов скандал со снимки за земање поткуп на водач на смена во Царината… Па лавина сомневања за подметнување пожар кај „Треска“ уште пред „истрагата“ да излезе од чадот и пепелта на запалените објекти… Додека ова отиде „во печат“, којзнае која нова афера ќе ги потисне претходниве (како и претходните на претходните) и ќе го „завладее“ виртуелниот простор на нашите реални животи.

За овој „феномен“ може да има разни општествени, социјални, психолошки, комуниколошки, какви сакате, па и патолошки објаснувања, но во еден сегмент сигурно може да се најде доволно потфрлање, произведен од официјалниот информативен и процедурален „вакуум“, што потоа се полни со конфузната врева во јавноста. На пример, сега гледаме дека не постои процедура во која, при интервенција на брза помош во инцидент со потешки или смртни последици, МВР автоматски службено би се информирало (бидејќи никој од сведоците на настанот не нашол за потребно да повика полиција); дека никој во Обвинителството или во МВР не испитува кој од нивните службеници и официјални лица раскажува прикаски по социјални мрежи и медиуми од истраги кои се во тек, а да не зборуваме за делење службени видео записи кому како ќе му текне; дека нема ни процедури по болниците кој доктор што треба или што (не) смее да дава како јавни изјави за пациенти кои им се тукушто донесени на третман или кои дури и починале на интервентните маси… Целиот службен систем се однесува како „социјална мрежа“ во кој лајковите се поважни од правилата и процедурите што би морале да постојат.

Не е спорно: Јавноста има право да знае! Плус, нејзината љубопитност е ургентна, неограничена, па дури и по прашањето за споделување непристојни детали од настаните.

Но, „системот“ мора да произведува проверени и навремени вести, бидејќи не е во интерес на самата јавност актуелните теми да се тривијализираат, да се банализираат, да се сведуваат на озборувања и конфронтации, кои „за пет минути“ се претвораат во политички и лични пресметки. Таа френетичност, имено, не е во корист на самата јавност, бидејќи само ја храни хистеријата на шпекулации, на гласишта, на конспирации, на општа недоверба и сомнеж што, потоа, како генерален фон „ги владее“ и темите кои не се само за дневна забава и за задоволување на „примарните инстинкти“ на публиката. Тоа ја формира општата врескава и полна со говор на омраза „политичка култура“ во општеството со која пристапуваме и за многу посериозни и многу поважни прашања во доменот на функционирањето на државата. Една од последиците „штетни“ по јавниот интерес е и тоа што и често ни се случува оние кои се навистина квалификувани, надлежни или со стручни познавања за проблемите за кои се води френетична расправија, да се воздржуваат да ги кажат своите експертски ставови и сознанија, оставајќи ја информативната какофонија да владее со јавниот простор.

За ова треба да размислат и „надлежните“, но и оние кои мислат дека не се надлежни. Сите ние, всушност. Бидејќи, порано или подоцна, од комотната сеирџиска позиција на публика, секој може да се најде во центарот на виорот на некој следен случај и фејсбук-сеир кога нашето семејство, нашето здравствено досие, нашиот дом или приватните детали од нашиот живот ќе бидат „черечени“ пред јавноста, без можност за заштита и демант на изреченото.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ