• Latest

(ВИДЕО) Дерала: Борбата на Украина е борба за слобода, за победа над тиранијата

February 26, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ВИДЕО) Дерала: Борбата на Украина е борба за слобода, за победа над тиранијата

February 26, 2025 10:59
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Ладниот ум на историјата ќе ги запамети овие времиња како ера на бесрамни лаги, огромна трагедија и неизмерно зло – наспроти невидениот хероизам и непобедливата љубов за слобода и мир, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025 што се одржа во Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.

 

„Од почетокот на целосната инвазија, Генералниот обвинител на Украина регистрира повеќе од 156.000 случаи на воени злосторства, вклучувајќи мачење и егзекуции на цивили – меѓу нив деца, жени и стари лица, егзекуции на воени заробеници, бомбардирање на цивилни цели, вклучувајќи болници, училишта и детски градинки, сексуално насилство, употреба на хемиско оружје, и многу други страшни злосторства. Светот посведочи на шокантни сцени од ужасно насилство, често снимени од самите руски агресори. Меѓу најтешките злосторства е киднапирањето на 20.000 украински деца, подложени на русификација во таканаречените „кампови за превоспитување“. Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на воените криминалци Путин и неговата комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, за незаконско депортирање и пренос на деца, што е воено злосторство според меѓународното право.

Пред три години, Украина, предводена од уметник и интелектуалец – претседателот Зеленски – застана на раскрсницата на историјата. На претседателот му беше понудено да побегне додека бомбите паѓаа врз неговата земја, но тој одговори со зборови кои ќе одекнуваат низ времето засекогаш: „Борбата е тука; ми треба муниција, а не превоз“.

Украина кажа НЕ! НЕ на бруталната и крвожедна агресија. НЕ на машинеријата на лаги и пропаганда. НЕ на силите на тиранијата кои сакаа да ја избришат оваа суверена нација од картата.

Уште позначајно, Украина рече ДА! ДА за слободата, ДА за достоинството, ДА за правото на нејзиниот народ да ја одреди својата сопствена судбина. Јас сум длабоко трогнат и благодарен за жртвите на украинскиот народ и засекогаш ќе го почитувам нивниот хероизам и храброст. Тие не ја бранат само својата земја, туку ја бранат демократијата и слободата за сите нас.

Фронтовите на оваа војна се протегаат многу пошироко од рововите и небото што е под опсада од ракети и дронови. Тие се во нашите градови, нашите институции, нашите медиуми и нашите општества – каде што се води борбата против дезинформациите и пропагандата. Војната на Русија не се води само со ракети и тенкови, туку и со лаги, манипулации и страв, засилени од нејзините сојузници од екстремната десница во Европа, регионот и ширум светот.

Како некој што посвети долги години во борба на фронтовите на вистината, знам дека оваа борба не може да се води самостојно. Го носам Орденот за заслуги, доделен од претседателот Зеленски, со длабока почит и благодарност – не како лична заслуга и чест, туку како почит кон моите колеги и соборци кои се исправени пред многу посилен непријател. Ве повикувам да ги запомните новинарите, активистите и трагачите по вистината кои ја откриваат измамата, се спротивставуваат на пропагандата и одбиваат да дозволат лагите да ја обликуваат нашата иднина. Тие се невидливите воини во оваа борба.

Повеќе од стотина наши колеги се уапсени, убиени или исчезнати во трите години руска агресија. Еден од нив, Вилен Темерјанов, новинар од Крим чиј случај го следам и јавно го застапувам, е во руско заточеништво од август 2022 година. Тој е подложен на тортура, изолација, психичко малтретирање, електрошокови, наркотици и други методи, сето тоа како дел од ужасната тактика позната како казнена психијатрија од Советскиот Сојуз.

Денес, кога одбележуваме три години од отпорот, ве повикувам да изразиме почит за борбата на Украина не само со зборови, туку и со непоколеблива солидарност и конкретна поддршка, сѐ додека е потребно, до конечното ослободување на Украина и воспоставување праведен и траен мир. Затоа што борбата на Украина е наша борба. Нивната издржливост е нашата лекција. Нивната победа ќе биде победа за сите кои одбиваат да ѝ се покорат на тиранијата. Слава Україні!“, изјави Дерала во своето обраќање.


Ukraine’s fight is our fight: A struggle for freedom and victory over tyranny

Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата

Print Friendly, PDF & Email
Tags: три години руска агресија врз УкраинаЦивилЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ