• Latest

(ВИДЕО) Џабир Дерала: Обединети во различноста, од денеска, од сега!

December 30, 2020
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

(ВИДЕО) Џабир Дерала: Обединети во различноста, од денеска, од сега!

December 30, 2020 12:00
in МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува и говори: ЏАБИР ДЕРАЛА

Колку и да се слаткоречиви, колку и да се кријат зад своите академски, политички или социјални позиции, титули и статуси, националистите се и ќе останат обични измамници и насилници. Предрасудите и омразата ги откриваат несигурноста и неспособноста тие да се соочат со реалноста, да изградат сегашност за себе и за другите, да изградат иднина за идните генерации, за поколенијата што доаѓаат.

Националистите и нивните лидери се затворени во темни и студени места каде што владее тишината што ја бара деспотот од своите поданици. Тие што му се оддаваат на национализмот и омразата, доброволно се согласуваат и со сопственото ропство. Тоа се тесни ќелии во кои владее болест и распаѓање. И слугување на едноумието и затворениот круг на моќниците кои се богатат на грбот на оние што се исплашени, поделени и огорчени.

Националистите живеат во имагинарен свет каде што митовите, глупавите бајки и фактите се испреплетени. Тоа е простор каде што етничката омраза и шовинизмот ги креираат крволочни манијаци во академиите, политиката и институциите, на работните места, во училниците и универзитетските амфитеатри, во кафеаните и чајџилниците, на стадионите, па дури и во градинките…

Заштитено со меѓусебното потценување и непознавање, секое етничко трло си гради митови за „големината“ на сопствената нација и „ништожноста“ на другите. И така, се создаваат и одржуваат во живот тие паралелни светови, со митови и лаги вткаени во секоја пора од животот…

Различноста е богатство и предност во секоја смисла на зборот. Различноста е богатство во секое место, во секое време, во секоја ситуација во животот.

Толеранцијата и почитувањето на различноста не се ставки во некое мени, па денеска ќе ги одберам, а утре не. Секој ден важат принципите на толеранцијата, не сфатена вулгарно и искривоколчено, туку како основа на инклузивното општество, за грижата за секој човек, без оглед на неговото потекло, припадност, определба или социјален статус.

Човековите права и слободи, еднаквоста – им припаѓаат на сите подеднакво, на секој човек, само затоа што се родил како човек. Еднаквоста не може никој да ја даде, не може никој ни да ја одземе.

Често изгледа невозможно, но… Толеранцијата, мирната разврска на конфликтите и почитувањето на противниците, а не нивно прогласување за непријатели, е еден од подобрите начини да се сочува човечкото достоинство и да се направи светот подобро место за живеење. Почитувањето и негувањето на различностите го прават човека поголем и побогат. И зависи од секој од нас.

Секој ден сме исправени пред изборот. Монохроматска сиромаштија на духот или непрегледно богатство на различностите. Зло, страв, поделби и насилство или добрина, солидарност и човечност. Иднина или небиднина.

Ако сте го пропуштиле вчерашниот ден, не значи дека не можете да станете подобри луѓе, да ја почитувате различноста кај другите, од денеска! Од сега!

 


ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.

#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity

Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.



Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.

Tags: еднаквостОбединети во различностатолеранцијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ