„Евидентно е дека проблеми со дискриминација и со неразбирање на мултикултурализмот има и во академската фела и нивото не е така како што треба да биде. Од друга страна постои потенцијал меѓу професорите да се помогне да се направат промени во осново и во средно образование. Да бидам суров реалист, вистинските промени во академската фела ќе ги дочекаме кога овие генерации кои сега ќе почнат да учат преку оваа концепција, ќе дојде ред да бидат универзитетски професори. Во меѓувреме треба да се работи и да се подобрува академската фела“, истакна проф. Елена Џукеска од Независниот академски синдикат на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата.
„Училиштата треба да бидат место каде што учениците ќе се запознаат со својата култура и со другите култури кои живеат со нив и ќе се подготвуваат да бидат активни учесници/чинители на таа култура. Тука е многу битно како ќе им се презентираат на учениците. Македонија има богато културно наследство и постои потенцијал тоа да биде искористено во насока на освестување на мултикултурализмот. Сопствената култура не треба да ја градиме како дискриминаторска. На учениците треба да им кажеме дека секоја култура по природа е мултикултура, во секоја култура имате примеси од соседите, од минатото, и така се сездава простор да не се развива дискриминацијата.
Ние сме сега во една пост-режимска фаза, диктаторот го нема не е во земјата, ама последиците се тука и далеку сме од ослободување. Ако ја погледнете академската заедница, најстариот Универзитет во земјава е заробена институција и тоа си има реперкусии врз академската фела во јавноста и по однос на вакви стручни прашања.
На крај сакам да апелирам дека како општество мора да се избориме да имаме образование во коешто учениците ќе учат како нивната сопствена култура да биде недискриминаторска, само така ќе одиме напред“, нагласи Џукеска.
Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
камера: Игор Чадиноски
фотографија: Биљана Јордановска