„Ја поздравуваме иницијативата на МОН кои имаат комплетна стратегија како треба да се одвива образованието во нашата земја. Ние се трудиме со сојузот да имаме повеќе фокус групи за да дискутираме со учениците за стратегијата и што можеме ние да придонесеме кон стратегијата и образовните реформи.
МОН треба да вклучи повеќе чинители за образовни политики. Кога правиш проект треба да се консултираш со сите засегнати страни и политиките да бидат насочени кон барањата што ги имаат засегнатите страни. Ова не може да се скокне бидејќи ќе има реакции од засегнатите страни. За нас како сојуз важно е да има политичка волја за реформите. Ако го земете во пример европските земји, кога се дискутира за образовни реформи, тие секогаш имаат консензус за овие работи“, изјави претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи на панел дискусијата на ЦИВИЛ, „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата.
„За нас како Сојуз е многу важно да има политичка волја во однос на реформите. Ако ги земеме за пример европските земји, кога се дискутира за образовните реформи мора да има консензус. На пример, со реформата на Кембриџ немаше консензус. Кога се смени власта ја укина реформата за средното образование. Значи, ние правиме два чекори напред со една реформа, а потоа десет чекори назад затоа што немаме консезус. Значи, кога ќе се превземат реформи треба сите да се согласуваат со нив и да работат тие реформи да имаат консензус затоа што на политчката сцена ние сме водени со инаети. На пример, ако МОН и министерката Царовска воведат една добра реформа, а образовните реформи траат пет до десет години, не може од денеска за утре да се видат резултати, и по три години се смени власта, поради инаети што ги имаат политичките партии ќе ја укинат добрата образовна реформа и ние ќе се вратиме, пак, десет чекори назад“, објасни Ходаи.
„За жал, во последните години учениците не беа доволно унифицирани. Имавме поделби по етничка припадност. Имавме Унија на Албанците, на Македонците, на Турците, а денеска сите сме заедно и мислам дека нема да дозволиме да се „игра“ со образованието затоа што тоа е иднината. Ние ќе покажаме дека кога бараме нешто одиме до крај и ја постигнуваме целта… Треба да имаме решение што ќе трае долгорочно, а не краткорочно, што нема да придонесе ништо“, додаде Ходаи.
„Многу е важно да се гарантира безбедна средина каде што ќе се почитуваат сите и нивните права. Различностите што ги имаме треба да се рефлектираат во наставните програми и да се осигура дека сите дидактички материјали ќе бидат ослободени од говорот на омраза“, заклучи Ходаи додавајќи дискриминацијата и говорот на омраза ги осетил и сам преку социјалните мрежи само затоа што е Албанец, претседател на Сојузот на средношколци.
Б. Јордановска
камера: Игор Чадиноски
монтажа: Ариан Мехмети