Илјадници луѓе во Грузија синоќа демонстрираа против предложениот закон против „странски агенти“. Пред парламентот во Тбилиси полицијата употреби солзавец и водени топови за да го растури протестот.
Во еден момент додека полицијата ги гаѓаше демонстрантите со водени топови, една храбра жена се спротивстави на водените топови и со крајни сили не дозволи да и падне од раце знамето на ЕУ. Ваквиот потег на храбрата жена го поддржаа останатите демонстранти и застанаа зад нејзе и заедно се спотивставија на направдата и диктатурата.
This is going to be iconic. #Tbilisi #Georgia pic.twitter.com/6zv7Md5mE2
— (((Tendar))) (@Tendar) March 7, 2023
„Ова е кога жените го преземаат водството. Среќен меѓународен ден на сите храбри, паметни и неверојатно убави жени ширум светот! Животот започнува со нас, а понекогаш и промената“, напиша една жена на Твитер.
Според контроверзната регулатива, организациите кои добиваат најмалку 20 отсто од своите финансиски средства од странство во иднина треба да бидат регистрирани во Грузија како таканаречени „странски агенти“. Прекршителите ќе подлежат на високи казни. Од новите правила би биле погодени и многу медиумски компании.
Агенцијата АП јавува дека грузиски граѓански активисти и претставници на опозицијата ги блокирале двата влеза во зградата на парламентот, извикувајќи: „Не за рускиот закон! „Руси! “Робови!”
Според законот, медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странски извори мора да бидат регистрирани како „агенти на странско влијание“.