• Latest

(ВИДЕО) „Insieme/Заедно“ во изведба на македонски ѕвезди на музичката и актерската сцена

December 14, 2022
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

(ВИДЕО) „Insieme/Заедно“ во изведба на македонски ѕвезди на музичката и актерската сцена

December 14, 2022 10:59
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, КУЛТУРА, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Песната на италијанскиот поп пејач Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година, изведена од повеќе од петнаесет македонски познати ѕвезди на музичката и актерската сцена, на иницијатива на Цивил која носи наслов „Insieme/Заедно“.

Во аранжман на Владимир Дојчиновски – Дојчин и Давор Јорадновски, македонскиот дел е дело на Борче Нечовски, песната ја изведуваат Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Никола Перевски – Пере, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Виктор Апостоловски, Благоја Грујовски, Лидија Кочовска, Ѓоко Таневски, Мики Јовановски – Џафер, актерите Адријан Азири и  Ана Стојановска и други.

Ова се само дел од македонските ѕвезди кои се одзваа на поканата на Цивил и во рекордно време го преработија овој евергрин на македонски јазик.

Европскиот сон е, конечно, остварлив. Во овој период најпотребно е да се обединат општеството и сите политички фактори за остварување на заедничкиот интерес – членство во ЕУ.

Промоцијата на песната „Insieme/Заедно“ се одржа во кафе-клубот „Мош“.


Со оваа иницијатива, Цивил дава свој придонес кон цврстата и недвосмислена определбата на македонското општество да се приклучи кон големото европско семејство. Време е сите граѓанки и граѓани без оглед на нивната припадност и потекло, сите политички партии, верски заедници, граѓански и политички организации, групи и иницијативи, да се обединат во заедничката цел и стратешката определба на државата – членство во ЕУ.

Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек.

Цивил ги повикува сите политички партии во земјата да станат дел од оваа иницијатива, јасно да ги артикулираат своите ставови и дадат конкретен придонес кон македонската иднина во Европската Унија.

„Оваа песна им ја подаруваме на сите граѓанки и граѓани, а политичките партии ги повикуваме да ја прифатат оваа иницијатива како своја и преку неа да ги промовираат своите европски ставови и определби на јавните настани што ќе ги одржуваат во наредниот период. Од денеска напладне, познатиот хит ќе се слуша и на македонски“ – велат од Цивил.

Од Цивил велат дека песната е достапна за преземање од сите заинтересирани медиуми и други општественополитички ентитети под услов да биде употребувана соодветно на целите на Иницијативата за општествено и политичко обединување за европски вредности и интеграција во ЕУ.

Извор: FRONTLINE / Ј.Ѓ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗаедноИнсиемеинтеграциипромоцијаТото КутуњоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ