• Latest
Фото: Скриншот од Х

(ВИДЕО) Израелските власти побараа од Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам

March 27, 2025

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(ВИДЕО) Израелските власти побараа од Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам

March 27, 2025 21:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Скриншот од Х

Фото: Скриншот од Х

Share on FacebookShare on Twitter

Израелските власти побараа од претседателот на Република Српска, Милорад Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, откако по него беше распишана меѓународна потерница, објавија денеска израелските медиуми, пренесува Данас.рс.

Во написот на весникот „Израел Хајом“, кој го пренесоа сараевските медиуми, се наведува дека израелските власти „јасно му ставиле до знаење на Додик дека не е добредојден на настанот, што го принудило да го напушти местото на настанот“.

„Судот во Босна и Херцеговина издаде налог за апсење на Милорад Додик, водачот на српското малцинство во земјата, поради сепаратистички активности. Додик моментално присуствува на конференција за антисемитизам во Ерусалим, организирана од израелскиот министер за дијаспора и антисемитизам Амичаи Чикли“, се наведува во текстот.

Се додава дека Додик е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска.

„Додик, долгогодишен проруски поборник за отцепување од Босна и Херцеговина и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, го протурка законот со кој се забранува работата на босанското државно правосудство и полиција во ентитетот со мнозинство српско население“, пишува израелскиот весник, потсетувајќи дека законот е привремено суспендиран од Уставниот и Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Во текстот се наведува дека Додик постојано се заканувал дека ќе ја одвои Република Српска од Босна и Херцеговина и ќе ја спои со соседна Србија и дека западните земји „предупредиле дека тоа уште еднаш ќе предизвика насилен конфликт во регионот“.

Протоколот на израелската влада буквално го турна господинот Додик од седиштето до Нетанјаху.

The Israeli government’s protocol literally pushed Mr. Dodik out from the seat next to Netanyahu. pic.twitter.com/FyEnGFnNEV

— Haris Imamović (@SkenderVakuf) March 27, 2025

Протоколот на израелската влада буквално го истурка господинот Додик од седиштето до Нетанјаху, напиша Харис Имамовиќ во постот на Х во кое објави видео од настанот.

Веста дека израелските власти побарале од Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам, прв ја објави Ширит Авитан Коен, новинар на весникот Израел Хајом.

„Мини-драма на конференцијата против антисемитизмот во Ерусалим. По објавувањето на веста за неговото апсење, се чини дека израелските власти јасно му кажале на Додик, кој присуствуваше на настанот, дека не е добредојден, а тој и неговата придружба го напуштија местото во последен момент“, рече Авитан Коен.

Додик утрово учествуваше на тркалезната маса на конференцијата, на која меѓу другото рече дека Бања Лука го поддржа Израел на 7 октомври 2023 година, денот на нападот на палестинскиот Хамас на југот на таа земја и дека во тоа време во Сараево се одржувале пропалестински протести.

М. Д.

Tags: ИзраелМилорад Додик
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ