• Latest

(ВИДЕО) Ковачевски од Софија: За македонското стопанство обезбедуваме електрична енергија за подобри услови од берзанските цени

September 5, 2022
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Ковачевски од Софија: За македонското стопанство обезбедуваме електрична енергија за подобри услови од берзанските цени

September 5, 2022 18:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета во Софија, Бугарија оствари средба со премиерот на Бугарија, Галаб Донев. По средбата на тема справување со предизвиците на светската енергетска криза одржаа заедничка прес-конференција, информираат до Владата.

Ковачевски најпрво се заблагодари за пречекот од страна на премиерот Донев и неговата делегација, министерот за енергетика, министерот за надворешни работи и другите советници во Кабинетот на претседателот на министерскиот совет, по што нагласи дека клучна тема на која што разговарале била енергетската криза која што ги тресе економиите во светски рамки.

Премиерот посочи дека ако пред две години се соочувавме со пикот на пандемијата која го затвори светот и со недостиг на вакцини, годинава се соочуваме со нова криза, а тоа е недостиг на електрична енергија, скапи енергенси, а сето тоа значи раст на цената на електричната енергија и големи проблеми како за граѓаните така и за стопанството. Тој истакна дека како одговорни политичари и влади имаат обврска пред граѓаните и пред стопанството да обезбедат се што е во нивна моќ и можности да ги направат условите најдобри можни во време на ваква криза.

Токму затоа сме денес тука, заедно со соседна Република Бугарија да се обидеме да најдеме решение за снабдување со електрична енергија во текот на четвртиот квартал од оваа година и првиот квартал од идната година под услови кои што ќе бидат оптимални за стопанството. Ние ги кажавме деталите за она што го имаме како потреба која доаѓа и од Стопанската комора на Северна Македонија заради што и претседателот на Комората беше денес тука и нормално разговаравме за подетални аспекти, рече Ковачевски.

Прво, се договоривме заедно со Република Бугарија да формираме веднаш во среда работна група составена од Министерот за економија на нашата држава, Министерот за енергетика на Република Бугарија, како и ЕСМ и другите компании во рамки на Република Бугарија каде што ќе се разговара за техничките параметри во однос на капацитетите и транспортот на електрична енергија. Во однос на цените кои ќе треба да бидат дефинирани согласно легислативата на Република Бугарија согласно директивите на Европската Унија и нормално согласно легислативата на Република Северна Македонија, истакна премиерот.

Исто така, Ковачевски нагласи дека разговарале и за количините кои се потребни кај нас со оглед на тоа дека Република Бугарија е извозник на електрична енергија, благодарение на капацитети кои ги има особено електричната енергија произведена од нуклеарна централа. Исто така, разговарале и за поврзувањето со нов интерконектор за гас кој би бил направен во делот на поврзување со течен гас и исто така во однос на капацитетите на постојниот интерконектор кој го имаме со Република Бугарија како и за можностите и нормално што ќе биде исто така дел од работата на работната група за складирање на течен гас во складиштата кои постојат во Република Бугарија.

Ковачевски информираше дека имале состанок којшто бил одржан во духот на добра волја, кој, како што кажал премиерот Донев, траел подолго од предвиденото затоа што разговарале за детали, со фокус на реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и стопанството.

Во таков дух, со таа добра волја се надевам дека работната група која ќе почне да работи веднаш после празникот во Бугарија, а пред нашиот државен празник, во среда, дека во наредните помалку од две недели ќе имаме решение кое ќе може да биде на двостран интерес и на Република Бугарија и на Република Северна Македонија и на стопанството и на едната држава и на другата држава., изјави Ковачевски на прес конференцијата.
М.Д.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ